Соопштенија
(Видео) Филипче од Струмица: За мене, патриотизам е да го обединиш народот со заедничка цел

Јас верувам дека патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, да водиш политика на заштита на луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротиставиш на моќните, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, од митигнот во Струмица.
Во обраќањето пред струмичани, Филипче посочи дека институциите мора да им служат на граѓаните и дека верува оти само со правилни политики Македонија може да напредува.
„Јас верувам во институции што служат на народот и затоа верувам во реформи, а не политикантство. Јас верувам во Македонија што оди напред, а не се враќа назад во реваншизам и конфликти“, рече Филипче.
Тој додаде дека во неговите ставови не е сам, туку зад него стои целиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.
„Партијата што ја донесе независноста. Партија што го обезбеди мирот и државноста. Партија што ја внесе Македонија во НАТО. Партија што ги отвори вратите кон Европа. Партија што, со сите маани, никогаш не се откажа од патот кон слобода, еднаквост и напредок“, истакна Филипче.
Од друга страна, како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ е партија што кога е на власт, државата стагнира.
„Секогаш истото сценарио, прво празни обивнувања кон противникот, па поделби, па хистерија, па хаос. Со ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема нови хоризонти и можности за граѓаните. Нема надеж, во воздухот има само гнев, апатија и немоќ. Партија која е единствено водена од патолошката потреба да се остане на власт, по секоја цена“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, додавајќи дека „затоа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат никогаш исти, а оваа битка не е само политичка, туку е морална и историска“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Костовски: Радишани доби нов модерен парк

„Населеното место Радишани, доби нов модерен парк. На површина од десет илјади метри квадратни поставивме, урбана опрема, ново лед осветлување, и едно убаво модерно детско катче“, вели Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
„Конечно во Радишани се оствари долгоочекуваната желба на Радишанци да имаат место за рекреација, за возрасни и за деца.
Ние младите во Радишани, конечно добивме нов парк за релаксација и дружење.
Пензионерите од Бутел дефинитивно добија убаво место за рекреација. Овде беше се запустено, со години чекавме, но дефинитивно, ќе има каде да седнеме, да одмориме, и да дружиме, да размениме мисла“, изјави Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вчера на терен „од врата до врата“ со центарци дискутираше за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.
Тој, најави бројни капитални проекти како изградба на градинка со капацитет од 100 деца, изградба на дом за стари лица кадешто е предвидено вработување на 25 негователи, изградба на нов административно-граѓански објект, како и два затворени базени.
„Во новиот мандат работиме за сите граѓани поеднакво, реализираме проекти за децата, за младите, за возрасните, но и за пензионерите. Воведуваме бесплатен оброк за ученици во целодневна настава, а на учениците од петто до деветто одделение им следува бесплатна екскурзија низ Македонија. За 50% ги зголемуваме стипендиите за талентирани ученици, за 50% ги зголемуваме и субвенциите за новороденче. Вложуваме и во подобар квалитет на живот на пензионерите. Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош на пензионерите со пониска пензија“, вели Герасимовски.
Герасимовски, истакна дека на 19 октомври победува концептот „За Центар што го сакаме“ затоа што развојот на Центар мора да продолжи.
„Поддршката од граѓаните е голема, во изминатите четири години направиме многу за нашата општина. Реализиравме над 90% од програмата. Денеска, Центар е нова и успешна приказна која мора да продолжи да се развива по победата на локалните избори. Ги повикувам сите центарци да го направат вистинскиот избор за Центар, за поубава и подобра општина“, потенцира Герасимовски.
Соопштенија
(Видео) Паунов: Нови тротоарски површини во центарот на општина Карбинци за поголема безбедност но и модерен урбан лик

„Се движиме по новите тротоарски површини коишто ги градиме во овој момент. Ова е проект којшто е пример како треба да изгледа едно урбано, уредено населено место“, вели Виктор Паунов, кандидат за градоначалник на општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние продолжуваме заеднички, за подобри услови за сите граѓани, за општина Карбинци“, изјави Виктор Паунов, кандидат за градоначалник на општина Карбинци од ВМРО-ДПМНЕ.