Соопштенија
Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа, реализира многубројни проекти и покрај тоа што три години се соочуваше со опструкции
„Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на општината што има далеку поголема поддршка за разлика од првиот пат кога бил избран“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средба со охриѓани.
„Не е лесно во општина како Охрид, после 4 години да се застане со чист образ и да се побара уште четири години мандат, и притоа да се има резултати позади себе и да се има визија за иднината. Јас досега не можам да се сетам на градоначалник на општината кој што после завршувањето на мандатот, завршил без ниту една афера, без ниту еден скандал, со бројни реализирани проекти, со чист образ и со уште поголема поддршка отколку претходниот пат. Таков е Кирил Пецаков и затоа сум убеден дека ќе има историски најголема победа од било кој градоначалник што победил во Охрид“, рече Николоски.
Николоски се осврна и на потешкотиите со кои градоначалникот се соочуваше во првите три години од мандатот, кога беше мета на бројни опструкции од минатата влада предводена од СДСМ и ДУИ.
„Првите години за градоначалникот беа многу, многу тешки. СДСМ соочена со пораз, не само што не помагаше, туку реално и одмагаше, не само во однос на проекти, не само во однос на автопатот Охрид-Кичево, туку и во однос на општината. Во такви услови, со три години влада на СДСМ и ДУИ, Кирил Пецаков, успеа да ја раздолжи општина Охрид, нешто што претходно беше мисловна именка за сите, и успеа да реализира бројни инфраструктурни проекти. Претходната влада секако не беше среќна со тоа, немаше недела или Финансова полиција, или обвинителство да не влезе во општината, мислејќи дека којзнае што ќе најдат, но кога работите чесно, нема што да се најде, и затоа после 4 години имаме градоначалник кој што има далеку поголема поддршка од тоа што имал првиот пат кога бил избран“, истакна Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред охриѓани го потенцираше и успехот на Владата околу изградбата на автопатот Охрид-Кичево, каде за година и три месеци се завршија 37км од 57км колку што треба да биде ова автопатско решение.

„Како Влада се обидуваме да помагаме и да реализираме проекти максимално. Првата работа со која што се нафативме беше, би рекол почеток на работа на автопатот Охрид-Кичево, затоа што тоа беше заборавен, напуштен проект, проект на кој што немаше машини и работници, каде ништо не се случуваше. Иако бројни пријатели ме советуваа да не се зафаќам со оваа работа, мојата одлука беше дека прво ќе се занимаваме со овој проект, и еве сме на помалку од година дена откако беше избрана Владата, успеавме од 57км да завршиме 37км. Сукцесивно ќе продолжиме да ги пуштаме и останатите делови и до крајот на следната година, целиот автопат ќе биде завршен. Прв пат во историја на државата ќе завршиме нешто како што е предвидено во рок“, потенцираше Николоски.
Николоски истакна и дека активно се работи на автопатите Букојчани-Гостивар и Гостивар-Тетово, а веќе се пристигнати понуди за изградба на автопатот од Кичево до Букојчани, со што до крајот на 2028 година ќе се оствари деценискиот сон за целосно автопатско поврзување на Скопје со Охрид и Струга.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на реализираните проекти во изминатиот период, а најави и реализација на два големи инфраструктурни проекти за следната година, што се од огромно значење за Охридскиот регион.
„Работевме и на Охрид-Св. Наум, целосно се рехабилитираше патот, а еве сакам да најавам уште два проекти кои што ќе ги работиме следната година. Првиот е рехабилитација на патот Битола-Ресен-Охрид и вториот е обиколница на Ресен со цел побрзо да се патува до Битола. Вториот голем проект е проектот кој што треба да значи автопатско поврзување на Охрид со Струга, односно делот од Подмоље до Струга и Струга-Дебар-Маврово, исто така целосна рехабилитација“, рече Николоски, кој побара масовна, референдумска излезеност и поддршка на престојните локални избори, со цел реализација на предвидените проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

