Македонија
Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања
Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за примени донации во текот на изборниот процес како извор на нивно финансирање. Обврската се однесува и на финансиски извештај со податоци за вкупните приходи и расходи на изборната кампања, во законски утврдени рокови, со што се овозможува следење на законитоста на финансирањето и на трошењето на средствата од страна на надлежните институции, како и увид на јавноста во изворите на приходи и начинот на трошење на средствата во изборната кампања, со цел зајакнување на довербата во изборниот процес.
Во согласност со рокот за доставување извештај за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања за периодот од отворање на сметката до 11. ден од изборната кампања, односно заклучно со 9.10.2025 година, до 24 часот, до ДКСК доставени се вкупно 61 извештај, што изнесува нешто над 35 % од вкупниот број учесници во изборниот процес. Сите 19 коалиции доставија извештаи за донации, примени се 18 извештаи од политичките партии и 24 извештаи од независни кандидати, поддржани од група избирачи.
По истекот на рокот, доставени се уште 2 извештаја од политички партии.
Извештаите за донации се објавени на веб-страницата на ДКСК на следниот ЛИНК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

