Забава
Блејк Лавли заработувала по 50.000 евра дневно за снимањето на филмот „Ова завршува со нас“
Откриена е платата на актерката Блејк Лајвли за нејзината улога во „Ова завршува со нас“ како дел од правната битка што ја води со својот колега Џастин Балдони. Правните документи покажуваат дека 38-годишната актерка заработила речиси 1,5 милион евра за шестнеделното снимање на романтичната драма или нешто повеќе од 50.000 евра дневно, според „Дејли мејл“.
Дополнителни бонуси и успех на киноблагајните
Покрај основната плата, договорот вклучувал и бонус од 171.000 евра ако Лајвли освои „Оскар“ за улогата на цвеќарката Лили Блум и 85.000 евра за номинација. Блејк и нејзината компанија требало да добијат и дополнителни 214.000 евра ако филмот, кој се појави во кината во август минатата година, заработи повеќе од трипати повеќе од својот буџет.
Филмот, кој ја следи турбулентната врска помеѓу Лили Блум (Лајвли) и Рајли Кинкејд (Балдони), има значаен комерцијален успех. Со буџет од 20,7 милиони евра филмот заработи 300 милиони евра во целиот свет и покрај мешаните критики.

Правната битка се интензивира
Овие финансиски детали се појавија само неколку дена откако поранешниот агент на Џастин Балдони ја обвини Блејк за изнуда за време на продукцијата. Според транскриптот од сведочењето добиен од „Дејли мејл“, агентот Дени Гринберг тврдел дека однесувањето на актерката на снимањето и во постпродукцијата станувало сè понепредвидливо. Во разговор со Балдони во јули 2024 година тој ги опишал нејзините постапки како „континуирана изнуда и обид за преземање контрола врз филмот“.
Гринберг подоцна појасни дека под изнуда не се осврнувал на буквално кривично дело, туку на кумулативното однесување и зголемениот притисок врз продукциските компании „Вејфарер“ и „Сони студиос“. „Дејли мејл“ контактирал со претставниците на актерката за коментар, но сè уште нема одговор, а претставниците на Балдони одбиле да коментираат.
Тужби за меѓусебно вознемирување и клевета
Правната битка почна во декември 2024 година кога Лајвли го тужеше Балдони за наводно сексуално вознемирување на снимање, што тој жестоко го негира.
Балдони и неговото студио „Вејфарер“ одговорија со контратужба за клевета против Лајвли, нејзината публицистка Лесли Слоун и сопругот Рајан Рејнолдс. Балдони исто така поднесе тужба од 400 милиони долари против „Њујорк тајмс“ за она што тој го тврди дека било сензационалистичко известување за обвинувањата, но таа тужба беше отфрлена во јуни оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џастин Трудо ја потврди врската со Кејти Пери, објави заедничка фотографија
Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо и пејачката Кејти Пери се чини дека и официјално ја потврдија својата врска во она што обожавателите го нарекоа „најлудото јавно признание во историјата на слободниот свет“.
Трудо и Пери позираа со јапонскиот политичар Фумио Кишида и неговата сопруга Јуко. Фотографијата ја објави на социјалните мрежи член на јапонскиот Претставнички дом, веројатно несвесен дека потврдува една од најнеочекуваните врски во годината.
Трудо бргу ги зеде работите во свои раце споделувајќи ја објавата со пораката: „Убаво е што се запознавме @kishida230. Кејти и јас сме толку среќни што имавме можност да се дружиме со тебе и Јуко. Ти благодарам, Фумио, за твоето пријателство и за твојата континуирана посветеност на меѓународен поредок базиран на правила и подобра иднина за сите“.
Great to see you @kishida230. Katy and I were so glad to have the chance to sit down with you and Yuko. Thank you, Fumio, for your friendship and your continued commitment to both the international rules-based order and to a better future for everyone. https://t.co/zLEuppHNST
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) December 4, 2025
Обожавателите беа изненадени од овој пресврт на настаните. „’Кејти и јас’ е нешто што никогаш не можев да го замислам“, напиша еден корисник. Друг направи паралела со друга позната врска: „Фактот дека откритието на Тејлор за врската со Тревис го вклучуваше принцот Вилијам, а Џастин и Кејти ја направија својата со јапонски политичар… поп-ѕвездите објавуваат врски заедно со политичари и тоа ми се допаѓа“.
За потсетување, Кејти Пери и нејзиниот поранешен свршеник Орландо Блум потврдија дека не се повеќе заедно во јуни оваа година, а шпекулациите за причините беа поттикнати и од нејзината најнова песна. Малкумина можеа да предвидат дека до крајот на годината пејачката ќе биде во врска со поранешниот премиер на Канада.
53-годишниот Трудо поднесе оставка од функцијата премиер претходно оваа година откако ја водеше земјата од 2015 година. Шпекулациите за нивната врска кружат веќе некое време, а двојката е видена неколкупати заедно на вечери и на патувања. Во јули тие дури беа фотографирани како се бакнуваат на јахта покрај брегот на Санта Барбара, Калифорнија.
фото/епа
Забава
(Видео) Сè е широко на неа, а таа е толку проклето секси
Џенифер Лопез повторно нè почести со совршен изглед и покажа дека може да биде многу секси, особено по жешката најава за она што следува. На гала-вечерта на „Холивуд рипортер воман 2025“ на Беверли Хилс таа носеше облека во најпопуларната боја на сезоната – чоколадна.
За оваа посебна пригода познатата Џеј Ло носеше монохроматска облека со лабав крој и не ја истакнуваше половината, ниту ги откриваше совршените стомачни мускули, а сепак беше толку проклето секси, како што многумина коментираа за ова нејзино појавување – со и без очила за сонце.
View this post on Instagram
Немаше апсолутно ништо на себе под преголемото сако, па со добра причина сите се загледаа во нејзиното деколте, кое малку ѝ остави простор на имагинацијата.
Have u ever seen anything or anybody more beautiful than this woman ?!
Course not u haven’t.
Because there simply isn’t. #JenniferLopez #JLo #Oscars2026 #KOTSW #KissOfTheSpiderWoman https://t.co/b7cLHjjAmj— 🎼🎶KOTSW…🎵 ✨️ (@alister_369) December 4, 2025
Ја комбинира со миди здолниште, кое паѓаше лежерно, без да ја нагласи фигурата на една од најубавите и најстилски жени, а целата комбинација ја зачини со женствени детали – лабава коса, ефектни ѓердани околу вратот, слични на некогаш мегапопуларниот чокер, и соодветна шминка.
Пејачката, актерка и танчарка се одлучи и за кафеава кожена чанта и лак за нокти во истата боја, а монохроматската комбинација ја разби со беж чевли.
Забава
(Фото) Раскошните облини на свршеницата на Роналдо се вистински рај за очите: „Тој е среќен човек“
Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо, е активен член на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен живот.
На нејзиниот инстаграм-профил често можеме да видиме фотографии од атрактивни и донекаде провокативни облеки, но таа секогаш наоѓа време да објави компилација од семејни фотографии.
View this post on Instagram
Таков беше случајот и овој пат кога ги извести своите многубројни обожаватели дека е на одмор со своите деца и сопругот.
Георгина уживаше во сончевите денови и семејните моменти, но насловната фотографија од оваа објава привлече најголемо внимание.
View this post on Instagram
Токму нејзините раскошни облини беа во преден план бидејќи одлучи да облече танга-бикини.
Таа напиша и трогателна порака со објавата: „Јас живеам живот, сонувам соништа и вечно сум му благодарна на бога, чија љубов ме води, одржува и инспирира“, напиша таа, а потоа почна лавина коментари.
View this post on Instagram
„Кристијано е среќен човек“, „Ти си вистинска божица“, „Ги обожавам твоите семејни фотографии“, се само неколку од коментарите.

