Македонија
(Видео) Саракинов: Карпош го крена гласот против урбаната мафија и Стевчо Јакимовски
Карпош избра промени. По децении власт на Стевчо Јакимовски, по децении бетонизација и уништување на Карпош, карпошани кренаа глас и избраа промени, изјави Христо Саракинов, носител на советничка листа на Општина Карпош.
„Карпошани го кренаа гласаа гласот против урбаната мафија и Стевчо Јакимовски, кој поддржан од Филипче и Заев сака да продолжи да го држи Карпош заробен во канџите на приватните интереси за висококатници, нови ДУП-ови и маркици со дебели профити.
Карпошани во уште поголем број ќе излезат во вториот круг, и ќе гласаат за Сотир Лукровски, за ВМРО-ДПМНЕ, за бројот 9.
Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваат:
1. Стоп за бетонизацијата. И ревизија на сите ДУП- ови, формирање на општинско претпријатие Карпош-план, кое ќе ги подготвува сите идни ДУП-ови, каде ќе бидат вклучени и консултирани и граѓаните и активистите;
2. Чист Карпош. Ѓубрето никогаш повеќе нема да се прелева преку контејнери и да се тркала по улици;
3. Изградба на нови катни и монтажни гаражи. Паркингот за карпошани ќе биде бесплатен;
4. Решавање на проблемот со бездомните кучиња;
5. Поголема безбедност;
Карпош повеќе нема да биде заложник на урбаната мафија и приватниот интерес на Стевчо Јакимовски, Филипче и Заев“, додаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.
Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.
Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.
Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.
Македонија
Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.
На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.
Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.
Македонија
Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.
Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.
Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

