Свет
(Видео) Трамп: Русите знаат дека имаме нуклеарна подморница – најдобрата во светот – веднаш до нивниот брег
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање крстосувачка ракета на нуклеарен погон не е соодветна.
„Тие знаат дека имаме нуклеарна подморница – најдобрата во светот – веднаш до нивниот брег. Значи, не ни треба ракета што лета речиси 13.000 километри. Тие не си играат со нас, а ние не си играме со нив.
Постојано правиме ракетни тестови, но, како што реков, имаме нуклеарна подморница – не треба да пукаме од таа далечина“, рече Трамп.
Has Trump begun to embark on the path that could take down Putin?
Starting to feel like it..
If so, love it or hate it, there will be golden statues of @realDonaldTrump all over Eastern Europe.
“They know that we have a nuclear submarine — the best in the world — right off… pic.twitter.com/bm8FJZmPWH
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) October 27, 2025
„Патем, тој треба да ја заврши војната во Украина. Војната што требаше да трае една недела, сега речиси влегува во својата четврта година. Тоа е она што треба да го прави, а не да тестира ракети“, додаде Трамп во разговор со новинарите во „ер форс уан“.
Путин вчера објави дека Русија успешно ја тестирала својата крстосувачка ракета „буревестник“ со нуклеарен погон, способна да носи нуклеарна бојна глава, за која Москва тврди дека може да избегне секаков одбранбен систем, и дека ќе почне со распоредување на оружјето. Американците ја нарекоа ракетата летачки „чернобил“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп до Путин: Наместо да тестираш ракети, заврши ја војната во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на веста дека Русија успешно ја тестирала новата крстосувачка ракета на нуклеарен погон „Буревестник“, пренесе „Еуроњуз“.
„Тој (Путин) треба да го заврши војната. Војната што требаше да трае една недела сега влегува во својата четврта година. Тоа треба да го направи, наместо да тестира ракети,“ изјави Трамп од претседателскиот авион „Ер форс уан“.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека тестирањето било успешно и дека ракетата, според шефот на Генералштабот Валериј Герасимов, прелетала 14.000 километри за 15 часа.
Трамп го нарече тестот „непримерен“ и предупреди дека Москва е свесна за американската нуклеарна подморница која е многу блиску до нивниот брег.
Според анализата на експертот Џон Харди од Фондацијата за одбрана на демократиите, ракетата „Буревестник“ со нуклеарен погон би можела да има „практично неограничен дострел“, но ја оцени како „непотребен трошок“ што ја оптоварува руската војска.
„Ројтерс“ потсетува дека клучниот договор за ограничување на нуклеарното вооружување — „Нов СТАРТ“ — истекува на 4 февруари 2026 година, што дополнително ги зголемува тензиите меѓу Москва и Вашингтон.
Регион
Двајца Хрвати и еден Србин со „бмв“ бегаа од полицијата во Германија и загинаа во несреќа
По тешката сообраќајна несреќа со три смртни случаи во близина на Брауншвајг, идентификувана е третата жртва.
Полицијата претпоставува дека станува збор за возачот на автомобилот кој во саботата, бегајќи од полицијата, паднал од мостот во каналот Мителанд. Сите тројца мртви од автомобилот сега се идентификувани, пишува РТЛ.де, пренесе Индекс.
Сè започна во сабота напладне кога возачот на БМВ со регистарски таблички од Минхен на автопатот А2 го игнорираше полицискиот знак за стоп и избега со голема брзина. Полициските патроли набрзо го изгубија возилото од вид, но десет минути подоцна добија неколку итни повици за сериозна несреќа.
Според првата реконструкција на настанот, истражителите веруваат дека бегалецот возел пребрзо по тесниот федерален пат Б4, престигнувајќи неколку автомобили од десната страна. Потоа возилото удрило во заштитна ограда, отскокнало во спротивна насока и се судрило челно со автомобил што доаѓал од спротивната страна. Поради силата на ударот, БМВ-то во бегство ја пробило оградата на мостот и паднало во Средногерманскиот канал.
Полицијата денес го потврди идентитетот на третата жртва.
„Се работи за 34-годишен државјанин на Србија“, изјави портпаролот на полицијата. Се верува дека тој го управувал возилото. Неговите сопатници, чиј идентитет беше утврден претходно, биле 25-годишен и 31-годишен од Хрватска.
Во второто возило биле 47-годишна жена и 53-годишен маж од Хамбург. Жената е тешко повредена, но нејзиниот живот е надвор од опасност, додека мажот е префрлен со хеликоптер во болница и неговата состојба е сè уште критична.
Автомобилот што ја предизвика несреќата беше извлечен од каналот во текот на викендот и запленет за судско вештачење. Понатамошниот тек на истрагата ќе зависи од наодите на вештакот, а случајот веројатно ќе биде предаден на канцеларијата на државниот обвинител, кој ќе одлучи за обдукција. Точниот тек на несреќата, како и причината зошто возачот бегал од полицијата, засега не се познати.
Свет
Путин со министерката за надворешни работи на Северна Кореја: Се оди според планот
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со севернокорејската министерка за надворешни работи Чо Сон Хуи.
„Големо ми е задоволство да ве видам. Ве молам, пренесете ги моите најдобри желби до претседателот Ким Џонг-ун“, рече Путин, како што објави агенцијата РИА.
За време на средбата, Путин потсети дека неодамна се сретнал со Ким за време на неговата посета на Пекинг.
„Во Пекинг детално разговаравме за нашите односи и нашите развојни перспективи. Сè оди според планот, на најдобар можен начин“, рече Путин.
Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, исто така, разговараше со Чо и нагласи дека односите меѓу двете земји добија силен поттик во последните месеци.
Фото: принтскрин

