Свет
Илон Маск ја лансира „Грокипедија“
Илон Маск и неговата компанија „Икс ВИ“ ја лансираа „Грокипедија“ најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на онлајн-енциклопедијата „Википедија“, која е креирана и уредувана од волонтери и која некои американски републиканци ја обвинија за политичка пристрасност и заедно со Маск тврдат дека е премногу левичарска.
Името „Грокипедија“ доаѓа од четботот „Грок“ на „Икс ВИ“ за кој Маск тврди дека бара максимална вистина.
https://t.co/op5s4ZiSwh version 0.1 is now live.
Version 1.0 will be 10X better, but even at 0.1 it’s better than Wikipedia imo.
— Elon Musk (@elonmusk) October 28, 2025
Верзијата 0.1 од вчера вечерта веќе имаше повеќе од 885.000 дефиниции во споредба со повеќе од седум милиони на англиската верзија на „Википедија“.
Пред една недела претприемачот одлучи да го одложи лансирањето на „Грокипедија“ за неколку дена иако беше објавено на крајот на септември оправдувајќи го одложувањето со потребата од „дополнителна работа за чистење на пропагандата“.
Како и републиканските функционери, Илон Маск е постојан критичар на „Википедија“ веќе неколку години. Во 2024 година тој напиша дека страницата е контролирана од крајнолевичарски активисти и ги повика луѓето да престанат да донираат на платформата.
„Целта на ‘Грок’ и (‘Грокипедија’) е вистината, вистината и ништо друго, освен вистината“, нагласи најбогатиот човек во светот додавајќи дека софтверот на енциклопедијата е со отворен код. „Секој може да го користи за што било, бесплатно“, објасни тој.
Содржината на некои статии на „Грокипедија“ одразува пристрасност, како и страницата посветена на Илон Маск.
If you’re wondering what the Grokipedia experience is like pic.twitter.com/9bnYigR6A0
— Ramin Tahbaz (@ramintahbaz) October 28, 2025
Во воведните пасуси од резимето платформата пишува дека шефот на „Тесла“ и на „Спејс икс“ влијаел на дебатата на неколку теми заработувајќи „критики од мејнстрим-медиумите, кои се наклонети кон левоориентираното известување“.
Кога станува збор за движењето за граѓански права „Животот на Црнците е важен“, „Грокипедија“ пишува дека тој „мобилизирал милиони луѓе“.
„Сепак, овие протести резултираа со немири (…) најскапите во историјата на осигурувањето од штета на имот“, продолжува „Грокипедија“, без да спомене, како што прави „Википедија“, дека „огромното мнозинство протести организирани во 2020 година се одржаа во мирна атмосфера“.
Содржината на „Грокипедија“ е генерирана од вештачка интелигенција (ВИ) и од генеративниот асистент за ВИ, „Грок“, но секоја страница цитира повеќе извори.
„Грок“ предизвика контроверзии пред неколку месеци откога даде антисемитски изјави, кои компанијата на Маск ги припиша на погрешна програма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Војник облечен како Дедо Мраз со руско знаме на снимка од Мирнохрад – спротивставени тврдења за контролата на градот
Украинските и руските сили објавуваат спротивставени тврдења за контролата врз Мирнохрад, град на првата линија на фронтот североисточно од Покровск. Додека Киев тврди дека ги држи клучните позиции, Москва шири видеа на кои се гледаат руски војници како креваат знамиња во уништени делови од градот, пренесува „Киев Индепендент“.
Украинската армија соопшти дека и понатаму контролира важни точки во Мирнохрад и оцени дека руските видеа се дел од пропагандни акции наменети за домашната публика. Како доказ беа објавени снимки од борбени операции во областа.
Од друга страна, руските државни медиуми и онлајн канали објавуваат видеа на кои наводно се гледаат руски војници како поставуваат знамиња, меѓу кои и снимка со војник облечен како Дедо Мраз. Украинската страна признава дека имало изолирани случаи на тајна инфилтрација на руски групи во централните делови на градот.
🇺🇦🇷🇺 Russian Santa Claus took Myrnohrad and waves the Russian flag pic.twitter.com/OhWQRWcXE1
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 27, 2025
Мирнохрад е сателитски град на Покровск, стратешки важен пункт во Донецката област, каде со месеци траат жестоки борби. Украинскиот Генералштаб ги отфрли руските тврдења за целосна окупација, оценувајќи ги како дел од дезинформациска кампања.
Свет
Имав продуктивен разговор со Путин, рече Трамп пред состанокот со Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека имал добар и многу продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Соопштението доаѓа пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која е закажана да се одржи подоцна денес во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида.
Портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков, ја потврди оваа информација за државните новински агенции, но без да даде дополнителни детали.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп: ОН не направи ништо за да помогне со катастрофата во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на својата социјална мрежа „Тру соушал“ објави дека им честита на лидерите на Тајланд и Камбоџа за постигнатото примирје, кога двете земји се согласија во саботата да ги прекинат неколкудневните гранични конфликти.
Во соопштението, Трамп остро ги критикуваше Обединетите нации, наведувајќи дека организацијата „многу малку помогнала“ во решавањето на глобалните конфликти, додека особено ја истакна „катастрофата што моментално се случува меѓу Русија и Украина“.
„Обединетите нации мора да почнат да стануваат активни и вклучени во светскиот мир!“, рече Трамп.
Се очекува Трамп подоцна денес во својот дом во Мар-а-Лаго да разговара за рамката за мировен договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

