Македонија
Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место
Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји во целиот свет според нивното ниво на безбедност. Извештајот се базира на 23 индикатори за да се создаде најточна слика за состојбата на мирот во светот. Македонија се наоѓа на 51. место.
Меѓу клучните фактори земени предвид при креирањето на индексот се бројот на смртни случаи предизвикани од внатрешни конфликти, фреквенцијата на насилни демонстрации, општата перцепција за криминалот во општеството и влијанието на тероризмот врз секојдневниот живот.
Според најновите податоци од глобалниот индекс на мирот за 2025 година, Русија ја презеде титулата најнебезбедна земја во светот. Таа е веднаш зад Украина и Судан, земји исто така погодени од значителен конфликт и нестабилност.


Според глобалниот индекс на мирот за 2025 година, нивото на глобалниот мир повторно падна – за 0,36 проценти во споредба со минатата година. Ова е 13-то влошување во последните 17 години, глобално 87 земји станаа помалку мирни, а 74 се подобрија.
Исланд останува најмирната земја во светот, пред Ирска, Австрија, Нов Зеланд и Швајцарија. Најмирниот регион останува Западна и Централна Европа, а Блискиот Исток и Северна Африка (МЕНА) остануваат најнестабилни. Западна и Централна Европа останува најмирниот регион во светот, но забележа намалување на мирот од 0,57 проценти во последната година. Главната причина за влошувањето во регионот, според извештајот, е зголемената милитаризација, односно растот на воените буџети и инвестициите во одбраната по почетокот на војната во Украина.
Во тој регион Исланд останува најмирната земја во светот, а Франција е на самото дно на европската ранг-листа поради зголемената политичка нестабилност и високото ниво на милитаризација.
Понатаму, извештајот предупредува на интернационализација на конфликтите, дури 78 земји учествуваат во вооружени конфликти надвор од своите граници. Овој феномен е поврзан со растечките геополитички соперништва, зајакнувањето на средните сили и падот на глобалната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

