Црна хроника
Спречен обид за шверц на хашиш на скопскиот аеродром, едно лице приведено
Царинската управа спречи обид за криумчарење хашиш на скопскиот аеродром, едно лице е приведено и поднесена е кривична пријава против него.
„Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварчанец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакумирана ќеса со хашиш, кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пренесе и неовластено да ја пушти во промет во Македонија“, соопшти Царинската управа.

Патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Овој случај, се додава во соопштението, ја нагласува будноста на Царинската управа во навремено детектирање и откривање на софистицираните методи на криумчарење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

