Македонија
„Мицкоски најавува избори“, велат од СДСМ
„Симптоматично е што Мицкоски, во народот познат како „мали Вучко“, вчера зборуваше повторно за избори. Во исто време објавува и лажни анкети за рејтингот на партиите. Само неколку часа претходно, во Србија, Вучиќ најавува избори. Што се случува тука? Познато е дека Мицко го имитира Вучиќ, а тоа трае веќе подолго време“, велат од СДСМ.
„’Вчера’ започна реконструкцијата на Владата, на јавноста одамна позната како обично шминкање. Модел кој Вучиќ го користи со години. По реконструкцијата, со некакви чудни дополнителни објаснувања, следат најави за избори и нивно распишување. Овој српски, „Вучиќ модел“ денес го гледаме во Македонија.
На пролет Унгарија ја очекуваат избори. Вертикалата поврзана преку политичките партии, ФИДЕС на Орбан, СНС на Вучиќ и ДПМНЕ на Груевски, со години функционира на иста линија, оттука е и азилот за Груевски. На оваа вертикала ѝ се придружува и една хоризонтална линија, Словачка и нејзиниот премиер Фицо.
Сите сме сведоци на големите протести во Унгарија, Словачка, а особено во Србија против политиките што се водат. Што е тоа што ги поврзува овие протести и што доведе до нив? Токму КОРУПЦИЈАТА!
Нашите најблиски соседи, граѓаните на Србија, веќе цела година протестираат поради корупцијата која доведе до падот на настрешницата, во која загинаа 16 луѓе. Српското независно обвинителство смета дека само при реновирањето на Железничката станица во Нови Сад (каде што падна настрешницата) исчезнале 115 милиони долари поради наместени тендери и корупција. Сите слушнавме во каква енергетска криза се наоѓа Србија поради невоведување санкции кон Русија.
Паралелно со ова, пред два дена американскиот претседател Д. Трамп ја обвини српската фирма „Roaming Networks“ (позната и како „Dot Networks“, со седиште во Белград) дека преку своите сервери учествувала во наместување на изборите во САД во 2020 година, а која е во сопственост на бизнисмени блиски до СНС и самиот Вучиќ.
Во српските медиуми со години се спомнува „СКАЈ“ преписката (енкриптирана комуникациска апликација), обезбедена од ЕВРОПОЛ, која сега за првпат се користи и како судски доказ за вмешаност на криминални групи што водат и кон Црна Гора, каде веќе се применува во низа процеси.
Во Србија се најавува дека наскоро ќе се објави кој во СКАЈ преписките е означен како „Оскар“, организатор на криминални активности во Србија, но и пошироко на Балканот.
Кај нас барем е лесно, ние сите знаеме кој е македонскиот „Оскар“. Имаме и мал и голем „Оскар“.
Пред неколку дена беше уапсена поради корупција поранешната шефица на европската дипломатија Могерини, позната по тоа што учествуваше во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Доколку во Србија има избори напролет, тоа ќе ја очекува и Македонија. Грујо, Мицко и ВМРО-ДПМНЕ немаат луксуз да го дочекаат падот на српскиот режим, затоа што ќе се откријат сите сите нивни поврзаности со ДПМНЕ и вмешаноста во многу приказни.
На Груевски азилот му зависи од изборите во Унгарија и затоа по секоја цена мора да обезбеди власт во Македонија под негова контрола, како резервна опција за своето престојувалиште.
Ученикот Мицко мора внимателно да ја следи ситуацијата, да реагира, да најавува и по потреба да распише избори напролет, доколку тие бидат закажани и во Србија.
Сервери, прислушување, тендери, корупција… Звучи познато? Изгледа дека и соседите имаат „бомби“. Ја доживуваат нашата 2015 година. Не грижете се, ние повторно сме „двојно подобри“. Кај нас верзија 2.0 штотуку почна да работи.
Повторно е време, како што вчера рече Мицко, да минеме низ „катарза“. Еднаш не ни беше доволно. Изгледа дека е време за нов лист во цела Европа. Затоа: Нова сила, нова енергија, нов тим и вистински правец: Европа. Работата не е завршена!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

