Контакт

Свет

Германските разузнавачи истражуваа мистериозни дронови, трагите ги доведоа до три брода

Објавено пред

Речиси 2.000 неидентификувани дронови се забележани над Германија од почетокот на годината, според безбедносните извештаи што ги виделе Die Welt, Bild и Axel Springer Academy. Во заедничка истрага, овие медиуми воспоставија шема што поврзува голем број дронови со движењето на три брода поврзани со Русија, кои дејствуваат во Балтичкото и Северното Море.

dobivaj vesti na viber

Германските власти документираа 1.072 инциденти во кои беа вклучени 1.955 непознати дронови. Најчесто, тие летаа над воени локации на Бундесверот, полигони за обука на НАТО и критични инфраструктурни објекти. Анализата на податоците за поморскиот сообраќај покажа дека мал број бродови биле во непосредна близина на снимените летови и во истите часови кога биле пријавени инцидентите.

Еден пример се седумте дронови забележани на 16 мај во близина на товарниот брод Лауга, кој плови под руско знаме и е со екипаж целосно составен од руски државјани.

Кога бродот подоцна вплови во Белгија, властите го пребараа, но не пронајдоа ништо. Пред да влезе во германските води, Лауга се закотви во сириското пристаниште Тартус, каде што се наоѓа руската воена база, а потоа во Санкт Петербург, на терминал поврзан со државната нуклеарна корпорација Росат.

Според истрагата, Росатом поседува дронови со дострел до 200 километри, опремени со видео и термални камери. Тие официјално се користат за следење на операциите во Арктикот.

Другите два брода споменати во извештајот – HAV Snapper и HAV Dolphin – формално се во сопственост на норвешка компанија, но и двата биле сервисирани неколку пати во бродоградилиштето Прегоља во Калининград, Русија, а екипажот на бродот HAV Dolphin е составен исклучиво од руски државјани.

Големи групи беспилотни летала се забележани над Килскиот Залив во југозападниот дел на Балтикот, точно во времето кога споменатите бродови се движеле во таа област.

Безбедносните агенции чии документи ги користеа медиумите велат дека е малку веројатно дека беспилотните летала биле управувани од приватни лица: „Одредени околности укажуваат на софистицирана операција што бара значителни финансиски и логистички ресурси“.

Во повеќето случаи, операторите на беспилотни летала не се идентификувани. Европските разузнавачки претставници им потврдија на новинарите дека веруваат дека HAV Snapper и HAV Dolphin „многу веројатно работат во интерес на Русија“.

Германското министерство за внатрешни работи соопшти дека има „причина да се верува дека странски државни актери биле вклучени во некои од летовите на беспилотните летала“.

Неидентификувани беспилотни летала се забележани и постојано над воените инсталации и критичната инфраструктура во други европски земји, вклучувајќи ги Данска, Норвешка, Белгија и Холандија.

Свет

Соработничката на Епстин одби да одговара на прашања пред Конгресот

Објавено пред

Гислен Максвел, осудената соработничка на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, вчера одби да одговори на прашања од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД. Максвел се појави виртуелно од затвор во Тексас каде што отслужува 20-годишна казна за трговија со луѓе, објави Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на комитетот, републиканецот Џејмс Комер, рече дека Максвел „очекувано“ го искористила своето право од Петтиот амандман да молчи. „Ова е очигледно многу разочарувачки“, рече тој. „Имавме многу прашања за злосторствата што таа и Епстин ги извршиле, како и прашања за можни соучесници“.

Комер додаде: „Искрено сакаме да дојдеме до вистината за американскиот народ и до правда за жртвите, и тоа е она за што се работи во оваа истрага“. Петтиот амандман на Уставот на САД го гарантира правото да се избегне самоинкриминација со одбивање да се одговара на прашања под заклетва.

Претставничката од Демократската партија Мелани Стенсбери им изјави на новинарите по сослушувањето дека Максвел ја искористила можноста да „се залага за помилување“. Нејзиниот адвокат, Дејвид Оскар Маркус, претходно објави на социјалните мрежи дека Максвел е „подготвена целосно и искрено да зборува доколку претседателот Трамп ѝ даде помилување“. „Само таа може да ја раскаже целата приказна. На некои можеби нема да им се допадне она што го слушаат, но вистината е важна“, напиша тој.

Од друга страна, Комер рече дека од разговорите со жртвите на Епстин било јасно „дека Максвел била многу лоша личност“ која не заслужувала никаков имунитет. Белата куќа претходно соопшти дека „не се нуди ниту се разгледува никаква помилување“ во нејзиниот случај.

Пред сослушувањето, група жртви на Епстин им пишаа на пратениците барајќи од нив да бидат скептични кон какви било информации што Максвел би можела да ги даде. Тие ја критикуваа за тоа што одби да именува „бројни моќни мажи“ вклучени во мрежата на Епстин за трговија со луѓе и за тоа што „не соработуваше значајно“ со органите за спроведување на законот.

Тие рекоа дека секој „посебен третман“ или „кредибилитет даден на нејзиното сведочење“ би бил штетен за жртвите. Максвел беше осудена во 2021 година за нејзината улога во регрутирањето малолетни девојчиња за Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата Лав испраќа 80 генератори и илјадници медицински материјали во Украина

Објавено пред

Папата Лав XIV испрати 80 генератори за електрична енергија и илјадници медицински материјали во Украина за да им помогне на цивилите да се справат со ниските зимски температури и континуираните напади, објави вчера Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Помошта е организирана како одговор на апелите од бискупите, кои предупредија на растечките тешкотии предизвикани од руските напади врз енергетската инфраструктура и температурите под нулата низ целата земја.

Три камиони со генератори и медицински материјали тргнаа од базиликата Света Софија во Рим и веќе пристигнаа во Фастив и Киев, области силно погодени од неодамнешните напади.

Покрај генераторите, доставени се илјадници медицински материјали, вклучувајќи антибиотици, антиинфламаторни лекови, додатоци во исхраната и мелатонин. Според официјалните лица на Ватикан, вторите се многу барани бидејќи Украинците се борат со стрес и недостаток на сон поради тековните напади.

Од Ватикан додадоа дека се во тек подготовки за испраќање на уште една пратка лекови и храна, а дистрибуцијата ќе биде координирана преку мрежи на парохии низ цела Украина.

Откако ја презеде функцијата минатата година, папата Лав повика на „праведен и траен мир“ во Украина и понуди да биде домаќин на мировни разговори меѓу Киев и Москва во Ватикан.

Украинскиот претседател Зеленски ја поддржа таквата иницијатива, додека руските претставници досега го отфрлија предлогот.

Пред да стане папа, Лав XIV ја осуди целосната инвазија на Русија врз Украина додека служеше како бискуп во Перу.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Хеликоптер за брза помош се урна во Либија, загинаа пет лица

Објавено пред

Хеликоптер за итни случаи се урна во базата Ал-Сара во Либија, враќајќи се од мисија за медицинска евакуација, при што загинаа пет лица, објавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во област на околу 300 километри југоисточно од градот Куфра, објави порталот Ал-Васат.

Меѓу загинатите се двајца припадници на воената транспортна служба и медицинска сестра од болницата Куфра. Другите две жртви се странски државјани, пилотот на хеликоптерот и неговиот помошник.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а либиските власти сè уште не издале официјално соопштение за падот на хеликоптерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија1 час

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет2 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија3 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија3 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија4 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет4 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет5 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет5 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет6 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа6 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет6 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет6 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет18 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија18 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија19 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија20 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ23 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија1 ден

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...