Забава
Во 2026 година универзумот ги тестира овие четири знака: дали сте подготвени за вашиот предизвик?
Годината 2026 носи посебни тестови за четири хороскопски знаци, но трудот вложен во надминување на овие пречки ќе се исплати многукратно.
Овие хороскопски знаци ќе мора да се трудат повеќе од другите, но секој надминат предизвик ќе ги подигне на ново ниво.
Универзумот нема да им дозволи да ги игнорираат областите од нивниот живот кои бараат промена, а преку упорност и напорна работа ќе ги добијат своите пет минути слава. Без разлика дали станува збор за напуштање на работа што ги задушува или за излегување од емотивен вртлог, ѕвездите им ветуваат успех и заслужени награди.
Овен
Овен, универзумот ќе почне да ве тестира уште на почетокот на 2026 година, кога Сатурн ќе влезе во вашиот знак во февруари. Астрологот Андреа Елиот објаснува дека „Сатурн е планета на дисциплина, граници, структура, зрелост и долгорочен успех“. За среќа, вие не сте тип на личност која бега од предизвик, а „Сатурн ќе ви го даде тој предизвик“, додаде Елиот, според YourTango.
Оваа година, можеби ќе бидете во искушение да дејствувате неодговорно, но Сатурн ве учи на подисциплиниран и структуриран пристап. Можеби на почетокот ќе се чувствувате ограничени, но важно е да продолжите да се движите напред, без разлика што. Преку овие ограничувања и предизвици ќе прераснете во вашето најзрело јас, што е секогаш позитивна работа.
Водолија
Водолија, транзитот на Плутон низ вашиот знак во следните 18 години е само по себе голем космички тест, но 2026 година носи дополнителен притисок од влегувањето на Северниот јазол во вашиот знак на крајот на јули. Додадете го на тоа и затемнувањето на сонцето во Водолија во февруари и јасно е дека 2026 година воопшто нема да биде лесна. Иако ситуацијата може да изгледа тешка, нема потреба од паника.
Преку овие пречки ќе станете најдобрата верзија од себе. Очекувајте да напредувате како никогаш досега – ќе научите подобро да се справувате со луѓето и ќе се запознаете себеси подлабоко.
Лав
Лав, „ќе го имате Јужниот Јазол во вашиот знак“, објасни Елиот, кој „ги претставува работите од кои треба да се откажеме затоа што повеќе не ни служат“. Без разлика дали станува збор за токсични бивши, лоши пријателства или работни места што ве исцрпуваат, универзумот ја тестира вашата подготвеност да се откажете од товарот за да можете навистина да продолжите напред.
За среќа, почнувајќи од крајот на јуни, ќе ја имате помошта на Јупитер во вашиот знак, „кој носи среќа, изобилство и просперитет“, рече Елиот. Ако можете да ја направите трансформацијата потребна за да станете најдобрата верзија од себе, ќе ве очекува изобилство какво што никогаш порано не сте го доживеале.
Вага
Вага, влегувањето на Сатурн во Овен во февруари ќе го стави директно спроти вашиот знак, а таа енергија има тенденција да биде „многу предизвикувачка“, истакнува Елиот. Како резултат на тоа, ќе се соочите со пречки во текот на целата година.
Сепак, не е сè лошо. Иако 2026 година ќе донесе свои предизвици, надминувањето на тешките времиња ќе ве направи подобро подготвени за сè што животот ќе ви го фрли на патот. Затоа, никогаш не се откажувајте. Дури и кога е тешко, верувај дека сè се случува со причина.
фото: unsplash
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта
Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни.
Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци:
Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и бирајте само искрени и здрави односи.
Водолија – Време е да ги спуштите ѕидовите. Ако некој ви се допаѓа, направете чекор напред и бидете искрени.
Вага – Љубовната среќа ви е наклонета. Поканете ја симпатијата на средба и оттурнете ги луѓето кои не ве инспирираат.
Шкорпија – Во центарот на вниманието сте. Прифатете ја наклонетоста и обидете се вистински да ја запознаете личноста спроти вас.
Забава
Бед Бани го откри вистинското значење на бројот 64 на неговиот дрес на Супербоул
Бед Бани не само што го стави Порторико во центарот на вниманието на најголемата можна сцена, туку донесе и дел од неговата семејна историја на Супербоул. Кога излезе на теренот на стадионот Левис, обожавателите веднаш забележаа детаљ на неговиот дрес: бројот 64.
Корисниците на Интернет, како што се очекуваше, почна да нагаѓаат: некои тврдеа дека бројот е почит кон неговата мајка, други го поврзаа со албумот „El Último Tour del Mundo“. Но, објаснувањето е многу по лично.
Претставници на 31-годишниот порторикански музичар испратија соопштение до USA TODAY, откривајќи дека бројот 64 е во чест на неговиот чичко Кутито, брат на неговата мајка, кој е роден во 1964 година. Бед Бани, исто така, рече дека научил „она малку“ што го знае за НФЛ од својот чичко, бидејќи ги гледале натпреварите заедно со години.
Чичко му бил голем обожавател на Сан Франциско 49, а починал пред две години, кратко откако 49ерс го загубија Супербоулот во 2024 година. Бед Бани вели дека отсекогаш сонувал да го однесе на Супербоул, но никогаш не успеал да го направи тоа, па затоа сега го однел на свој начин, преку неговиот дрес: неговото презиме Окасио и неговата година на раѓање, 64.
„1964 е годината кога е роден мојот чичко Кутито, братот на мајка ми. Она малку што го знам за НФЛ, го знам благодарение на него. Кога бев дете, ги гледав натпреварите со него бидејќи тој нè посетуваше кон крајот на јануари или почетокот на февруари, точно на средина од плејофот. Тој беше луд по 49ерс. Почина пред две години, кратко по Супербоулот во 2024 година. Отсекогаш сонував да го однесам на Супербоул, но никогаш не успеав. Па затоа решив да го направам овој настап негов: ОКАСИО, неговото презиме и 64, неговата година на раѓање. Сигурен сум дека гледал и бил горд.“
фото/епа
Забава
Едноставен појадок полн со витамини
Начинот на кој го започнуваме денот има големо влијание врз нашата енергија и концентрација. Еден од наједноставните чекори за подобро утро е да ги земате вашите витамини во првите неколку часа од денот.
Ова вкусно смути е совршено кога немате многу време и сакате брз, здрав и хранлив појадок или ужина.
Состојки
1 црвено јаболко
1 банана
половина чаша јогурт
половина чаша млеко,
20 бадеми
четвртина лажичка цимет
1-2 коцки мраз.
Подготовка
Ставете ги млекото и јогуртот во блендер, додадете го овошјето исечено на парчиња, цели или мелени бадеми и цимет и блендирајте сè заедно околу триесет секунди додека не добиете густа смеса.
Наместо мраз, можете да користите замрзната банана.
фото/Depositphotos

