Забава
Хороскоп
Овен
Ќе наидувате на пофалби кои изразуваат подршка и воодушевување. Прифатете ги со отворено срце и не заборавајте искрено да се заблагодарите на секој знак на внимание кој денеска ќе го добиете. Ако повеќе размислете ќе сватите колку многу има луѓе на кои искрено му сте важни. Бидете среќни поради тоа-вие го заслужувате тоа. Многу овни самоуверено ќе се појават пред светот. Исправената глава ќе биде доволен доказ дека вашиот живот е прекрасен
Бик
Вашиот специјален ден пристигна. Денес настапува полна месечина (супермесечина) во вашиот знак, правејќи ве центар на светот. Сите очи ќе бидат насочени кон вас, а вие ќе уживате во вниманието.
Лесно ќе им го освојувате срцето на лицата што ви значат и тие тешко ќе можат да ве извадат од мислите со денови. На многу бикови ќе им се исполни роденденската желба замислена пред шест месеци.
Близнаци
Ве очекува мирна работна атмосфера. Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите. Во љубовта ве очекуваат одредени потешкотии во односот со партнерот. Здравствената состојба ви е чуствителна можни се проблеми со циркулацијата.
Рак
На дружбите им нема крај. Денес настапува полна месечина (супермесечина) во вашата 11-та куќа на пријателствата и групните активности. Ќе бидете како матица која ги привлекува највеселите лица, па во ниту еден момент нема да ви биде здодевно. Домашните обврски ќе бидат на ваш грб. Плаќањето на сметките, грижата за децата и домашните задачи ќе ви бидат како тежина на главата. Сметајте на помош од родителите.
Лав
Целосно и мирно ќе пристапите кон решавање и реализација на плановите врзани за општествените науки. Ве очекува успешна работа доколку се занимавате со некоја уметност, особено ако е во прашање книжевност. Очекувајте и поголема заработувачка доколку ја завршите работата најдобро. Бидете внимателни во односот со партнерот, бидејќи лесно можете да ја прекинете врската. Здравствената состојба е добра.
Девица
Денот ќе го поминете со некоја личност која ви е доста драга. Нејзиното присуставо ќе биде причина за вашето добро расположение, а и работите кои треба да ги завршите во текот на денот ќе ги завршите доста успешно. Бидете внимателни, кај вашиот партнер може да се јави мала доза на љубомора, доколку вашиот пријател е од спротивниот пол. Здравје: многу добро.
Вага
Ќе се бидете зафатени со купување и нарачување. Постои можност од некој екстравагантен трошок од ваша страна. Некоја личност од женски пол ќе игра важна улога во врска со вашата финансиска положба. Интелектуалната активност ќе ви биде зголемена, но под силно влијание на чуствата. Не ја трошете попусто енергијата на долги разговори со банални теми. Здраствената состојба ви е повеќе од добра.
Скоприја
Со партнерот ќе станете како едно денес, па ќе ви се чини дека можете меѓусебно да си ги читате мислите. Супермесечината, која ќе настапи во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства, како со волшебно стапче ќе ја разубави вашата љубовна врска.
Ако сте сингл, не седете дома вечерва. Секое излегување ќе ви биде нова шанса за да ја сретнете вашата сродна душа.
Стрелец
Ви се отварааат хоризонти ништо не е невозможно. Ако сте поврзани со странство, студии, уметност, мода со работа со луѓе, ќе ви се отвори вратата за се што ќе работите. Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство. Емотивниот живот ви минува низ значајни промени и вероватно ќе си го најдете вистинското место.
Јарец
Под услов ако сте прифатиле нечија сугестија ќе успеете успешно да го решите проблемот. Пред вас е работа која бара издржливост и познавање на материјата. Ќе сакате тоа што побрзо да го решите, но тоа не зависи само од вас. Нервозната никаде не ве води. Ќе ја имате подршката од пријателите или понуда за да отпатувате некаде. Прифатете се што можете. Некоја сака да ве освои.
Водолија
Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со супругот-та. Водолиите кои не се во брак или врска ќе имаат можност да запознаат некоја многу интересна и привлечна личност. Можеби и ќе влезете во многу квалитетна врска. Ви посакуваме успех.
Риби
Само напред, побарајте нешто од некого и гледајте како тој напорно работи за да ги задоволи вашите барања. Денес настапува полна месечина (супермесечина) во вашата 3-та куќа на комуникацијата, правејќи ве кралица на зборовите. Никој нема да може да ви каже „не“.
Супермесечината на специјален начин ќе ве зближи со вашите брат или сестра. Испланирајте заедничка вечер или изненадете ги со неочекувана посета. /крај/незаајдин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Дејли Меил“ ја смести Хрватска на својата листа на евтини туристички дестинации за 2026 година
Додека 2025 година беше обележана со протести на локалните жители против масовниот туризам низ цела Европа, од Канарските Острови па натаму, 2026 година се чини дека носи сосема поинаков тренд. Наместо да се борат против туристите, многу земји сега активно ги покануваат, особено оние кои бараат попристапни пакети и подобра вредност за парите, пишува „Дејли Меил“.
Низ Европа, Северна Африка и Азија, сè поголем број земји инвестираат во пристапност, поедноставуваат визни режими и започнуваат кампањи насочени кон привлекување патници кои се свесни за буџетот. Бројни дестинации ја докажуваат својата добредојденост со нови авиокомпании, субвенции и политики што го поттикнуваат туризмот, а нивните влади и туристички одбори дизајнираат иницијативи специјално за вакви посетители.
Тунис е на врвот на листата, проширувајќи ги своите буџетски пакети за цела година и подобрувајќи ги воздушните врски. Северноафриканската земја е сè попопуларна поради своите ниски цени и прекрасни пејзажи. Во меѓувреме, Бугарија продолжува да ги промовира Сончев Брег и Варна како најприфатлив европски брег, привлекувајќи сè повеќе туристи.
Меѓу земјите што сакаат да привлечат повеќе гости е Албанија, која значително инвестираше во инфраструктура, нискобуџетни летови и маркетинг за развој на туризам со средна и ниска цена. Шри Ланка ги охрабрува пристигнувањата со воведување бесплатни 30-дневни визи, додека Камбоџа, Грузија, Непал и Виетнам, исто така, ги олеснуваат процедурите за виза, проширувајќи ги своите мрежи на авиокомпании и спроведуваат програми за развој дизајнирани да привлечат посетители.
Истра во Хрватска се позиционира и се пласира како опуштена и гостопримлива алтернатива на скапите туристички центри, со цел да привлече повеќе патници. Египет, исто така, спроведува стратегија за туризам до 2030 година, насочена кон зголемување на бројот на посетители преку прифатливи, масовни одмори.
фото/депозитфотос
Забава
Емили Ратајковски ги налути обожавателите со објава: „Не го почитуваш хиџабот“
Моделот Емили Ратајковски (34) ја прослави победата на новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, со контроверзна објава на Instagram што ги подели нејзините обожаватели. Видео од нејзиното тверкање во продавница, проследено со фотографија од неа како носи хиџаб во џамија, предизвика лавина од коментари и обвинувања за непочитување.
Во видео посветено на „Њујорк на Мамдани“, Емили танцува во продавница облечена во проѕирно црно здолниште и краток топ со отворен грб. Со тоа, таа го поддржа новиот градоначалник – првиот муслимански лидер на најголемиот град во Америка, една недела откако тој положи заклетва.
На друга фотографија, Ратајковски позираше во бело со шамија за време на посетата на локација што личи на џамијата Шеик Зајед во Абу Даби.
Сето тоа го заокружи со фотографија од нејзиниот четиригодишен син Силвестер Аполо Бер, кого го дели со поранешниот сопруг Себастијан Бер-Меклард (44), направена за време на забава за Ноќта на вештерките.
Реакциите на луѓето беа поделени. Многумина ја нарекоа комбинацијата од провокативно танцување и фотографија од џамија несоодветна. „Емили, ми се допаѓаш, но првите два слајда се непочитувачки“, напиша еден следбеник.
„Те сакам, кралице, но ти едноставно не го почитуваш хиџабот“, додаде друг. „Сè за внимание, а?“, гласеше еден коментар. Сепак, имаше и такви на кои им се допадна објавата. „Чипсот никогаш не изгледал толку добро!“ коментираше некој, осврнувајќи се на грицките што се гледаат во продавницата во видеото.
Ратајковски е позната по своите отворени политички ставови. Во 2016 година, таа водеше кампања за Берни Сандерс, а во 2020 година беше една од многуте познати личности што проговорија за убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата.
Таа и нејзиниот тогашен сопруг Себастијан маршираа низ улиците на Лос Анџелес како дел од движењето „Black Lives Matter“, носејќи знак на кој пишуваше „дефинансирање на полицијата“.
фото/депозитфотос
Забава
Пет хороскопски знаци кои се најпосесивни во љубовта
Љубовта носи силни емоции, а кај некои хороскопски знаци тоа често се претвора во изразена посесивност. Астрологијата наведува пет знаци кои најтешко го делат вниманието на саканата личност.
Шкорпијата е на врвот – сака длабоко и интензивно, а посесивноста произлегува од силен страв од предавство. Љубомората им е тивка, но силна.
Бикот бара стабилност и сигурност, па партнерот го доживува како нешто што мора да се заштити. Не прави сцени, но јасно поставува граници.
Лавот сака да биде центар на вниманието. Љубомората кај него е гласна и драматична, а потребна му е постојана потврда на љубовта.
Ракот е емотивен и чувствителен, со силен страв од напуштање. Посесивноста ја покажува преку повлекување и емоционална несигурност.
Овнот е импулсивен и натпреварувачки настроен. Не трпи ривали и отворено се соочува со секоја закана за врската.
Иако овие знаци се посклони кон посесивност, секоја личност е различна, а клучот за здрава врска секогаш се довербата и отворената комуникација.

