Црна хроника
Жена се удави при пад во надојдена река
Педесет годишна жена се удави откако паднала во река, а нејзината мајка, која била со неа, не успеала да ја спаси.
Како што соопшти полицијата, М.Р. (70) со нејзината ќерка Н.Р. излегле од дома и се упатиле на м.в. „Сисвети“. При обид да ја поминат реката Н.Р паднала во водата, а нејзината мајка се обидела да ја извлече, но не успеала. М.Р. побарала помош од најблиската куќа, а лицето М.М. (40) со уште две лица ја пронашле Н.Р. која не давала знаци за живот. Истата ја ставиле во ќебе и со возило ја однеле во нивната куќа, каде од страна на матичниот лекар била констатирана смрт без видливи знаци за насилство.
По извршениот преглед од страна на вешто лице од судска медицина констатирано било дека причината за смртта е давење во вода и смрзнување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Гостивар. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на семејството за погреб. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

