Црна хроника
Акциска контрола во Скопје: двајца уапсени поради пронајдена дрога, кај едно лице е пронајден нож, констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
Вчера во периодот од 14:00 до 22:00 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје беше спроведена зајакната акциска контрола, извести МВР.
При контролата, на различни локации на подрачјето на општина Аеродром, од слобода се лишени Б.П.(33) и К.З.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Кај Д.А.(26) од Скопје бил пронајден и одземен нож, а во друг случај е одземен еден мотоцикл поради сомнение за фалсификат.
Од страна на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје санкционирани се 37 сообраќајни прекршоци, меѓу кои две за управување возило без возачка дозвола, две за измината важност на регистрација, една за управување возило под дејство на алкохол итн. Извршена е контрола на 55 моторни возила, легитимирање на 55 лица и преглед на 48 моторни возила, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

