Контакт

Црна хроника

Битолчанец обвинет за семејно насилство врз сопругата

Објавено пред

Oбвинителството поднесе обвинение против 31-годишно лице од Битола за семејно насилство врз својата сопруга.

Од Обвинителството велат дека битолчанецот во периодот од 18 октомври до 1 декември минатата година, во осум наврати, при вршење семејно насилство и со закани ја загрозил сигурноста на негова сопруга.

„Обвинетиот продолжил да ја пресретнува и да ѝ се заканува на оштетената иако со правосилното решение на Основниот суд Битола од 20.11.2019 година му биле изречени привремени мерки на заштита и тоа: забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство кон оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метра до работното место на оштетената“, велат од Обвинителството.

Притоа, на 28 ноември тој ја пресретнал оштетената, ѝ го одзел мобилниот телефон, ја удрил со шлаканици и клоци и почнал да ја трга за раката. Сопругата паднала на земја и се здобила со телесна повреда – набиеници во пределот на лицето, левата рака и телото.

Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола поднесе и посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетиот.

Црна хроника

Тројца мигранти од Сирија пронајдени во возило во Беровско

Објавено пред

Вчера во 19,35 часот од полициски службеници  од Полициската станица Берово и Регионалниот центар за гранични работи Исток на крстосницата „Брик“- Берово било забележано патничко моторно возило „пежо 307“ со бугарски национални ознаки  кое на даден знак не застанало. По преземени мерки кај раскрсницата за село Ратево, било пронајдено возилото, а биле пронајдени и три лица – мигранти од Сирија. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Шумска полиција нападната од дрвокрадци во Кочани

Објавено пред

Вработени во шумска полиција во Кочани вчера околу 16,30 часот додека извршувале службени дејствија заедно со полициски службеници од полициската станица Кочани биле физички нападнати од група дрвокрадци при одземање на патничко моторно возило  „лада нива“ без регистарски ознаки натоварена со огревни дрва без соодветна документација. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот и приведување на напаѓачите, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Нападнато 14-годишно момче во Радовиш

Објавено пред

Вчера во 18,20 часот Н.Л.С.(50) од Радовиш пријавила дека во Радовиш нејзиниот 14 годишен син бил физички нападнат од две лица од Радовиш. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија3 часа

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион3 часа

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија4 часа

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија5 часа

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија5 часа

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ6 часа

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија10 часа

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Регион11 час

Во Словенија 1.656 нови случаи на коронавирус – се затвораат рестораните, хотелите, трговските центри

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.656 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од претходниот ден. Бројот на...

Македонија11 час

(Видео) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија,...

Свет12 часа

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Македонија13 часа

Казнети рекордни 557 возачи за еден ден во Скопје

Полицијата вчера казнила рекордни 557 возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина. Министерството за внатрешни работи во текот...

Свет13 часа

(Видео) Последна дебата пред изборите: Трамп вети вакцина до крајот на годинава, Бајден апелира да се носат маски

Доналд Трамп и Џо Бајден разменија сериозни обвинувања на последната дебата пред претседателските изборите во САД што се одржа во...

Македонија13 часа

Владата именува нови директори на јавни претпријатија и државни агенции

Владата на седница донесе одлука за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и...

Македонија14 часа

23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Спорт1 ден

Во последната секунда Вардар пропушти победа над Порто и фантастичниот Митревски

Вардар во уште еден драматичен финиш, не успеа да ја забележи втората победа едноподруго во ЕХФ Лигата на шампионите, откако...

Македонија1 ден

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија1 ден

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион1 ден

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија1 ден

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Досие