Црна хроника
(Видео) МВР со детали за шестчлената група што се занимавала со шверц на мигранти на јужната граница

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, вчера спроведе координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница. Мигрантите по влезот во земјава биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група која ги пренесувала до Кумановско-липковскиот Регион, соошти МВР.
Криминалистичката истрага над организираната шестчлена криминална група, која делувала на територијата на земјава, е спроведена во изминатите 10 месеци, односно од декември 2019 година до сега. Организаторите на криминалната група се Р.В. и неговиот брат Д. В. од Богданци, кои со цел стекнување противправна имотна и материјална корист, заедно со други лица од Грција ја организирале криминалната група во земјава.
Врз основа на претходно договорен начин на комуникација и во договор со лица организатори од Грција, мигрантите биле пренесувани преку јужната граница, преку илегални премини во околината на Гевгелија, Струмица и Дојран, од каде потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, се доведувале на претходно утврдени и договорени локации.
Од овие локации, илегалните мигранти биле преземани од страна на членовите на групата В. Д., А.А. и И.М., кои ги прифаќале и со моторни возила ги превезувале до договорените локации во Кумановско-липковскиот Регион. Оттаму мигрантите во организација на лице кое нелегално престојува во Кумановско-липковскиот Регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Србија кон државите на ЕУ. Најголемиот број од мигрантите кои биле криумчарени од страна на оваа криминална група биле по потекло од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот Исток, кои претходно веќе пристигнале и престојувале на територијата на Р Грција, за паричен надомест од 500 до 700 евра по лице.
При реализацијата на оваа криминалистичка истрага биле извршени претреси кај пет лица, во вкупно шест објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Струмица и Неготино, а лишени од слобода се четири лица, а еден е на издржување на мерка притвор.Од засега извршените претреси пронајдени и привремено одземени се патничко возило, мобилни телефони, СИМ-картички, пиштол, малокалибарска муниција и други предмети.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против Р.В. (27) за организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти и криумчарење на мигранти, како и против Д.В.(25), В.Д. (22) од Струмица, А. А. (28) од Струмица (пријавениот издржува мерка притвор од 17.05.2020 во затвор Скопје за криумчарење на мигранти), потоа И.М. (27) од Струмица и Д. К. (21) од Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Семејно насилство во Карпош, скопјанец го нападнал малолетниот син

Полицијата уапси жител на Скопје поради физичко насилство врз неговиот малолетен син.
Според информациите на МВР, вчера во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(41) од Скопје, по претходна пријава од неговата 40-годишна поранешна сопруга дека околу 00.30 часот во домот физички го нападнал нивниот малолетен син, а му го скршил мобилниот телефон на другиот нивен малолетен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Загина мотоциклист на патот Делчево – Штип

Седумдесет и двегодишен жител на Оризари, кочанско загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Делчево – Штип.
Според информациите на МВР, вчера во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с.Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(72) од нас.Оризари, кочанско.
Во несреќата на местото на настанот починал возачот на мопедот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Виничанец возел брзо под дејство на алкохол, без дозвола и со нерегистриран автомобил, приведен е

Полицијата на регионалниот пат Виница-Берово го приведе М.А.(55) од Виница. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
„По преземени мерки и извршена контрола, исто така е констатирано дека не поседува возачка дозвола и е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и по наредба на јавен обвинител, задржан во Полициска станица Виница. При контролата е утврдено и дека сообраќајната дозвола на возилото што го управувал е со измината важност повеќе од шест месеци и поради тоа му е одземено“, велат од МВР.
Се додава и дека притоа М.А. агресивно се однесувал кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.