Црна хроника
Викенд на тепачки и физичко насилство, најмногу случаи во Струмица

Денеска во 02.40 часот во Полициска станица Куманово А.Д.(18) пријавил дека во близина на угостителски објект во Куманово бил физички нападнат од неколку лица. Во 02.45 часот, пак, во Полициска станица Карпош И.Ј.(18) од Скопје пријавила дека на 17.06.2023 околу 22.00 часот во угостителски објект во Градски парк Скопје била физички нападната од женско лице Л.Ј.(18) од Скопје и неколку други женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денес во 01.45 часот во ОВР Прилеп А.Р.(40) од Прилеп пријавила дека пред угостителски објект во Прилеп нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. А во 03.40 часот во Полициска станица Струмица В.Т.(22) од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денес во 02.10 часот во Гостивар од полициски службеници е приведен Ј.С.(24) од Гостивар затоа што, според пријавеното, околу 01.45 часот во близина на угостителски објект во Гостивар учествувал во нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале неколку лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во Скопје денес во 03.40 часот во Полициска станица Центар, Т.А.(48) од Скопје пријавил дека на 17.06.2023 околу 23.30 пред угостителски објект на подрачје на Центар по претходно недоразбирање околу сообраќајот неговиот син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера, пак, во 18.44 часот во Полициска станица Бит Пазар М.И.(30) од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот пред продавница на подрачје на Бит Пазар нејзиниот малолетен син по претходна расправија бил физички нападнат од Л.М.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 11.20 часот во Полициска станица Битола А.М.(32) од с.Лавци вчера пријавил дека околу 02.45 часот во близина на ноќен клуб во Битола бил физички нападнат од Д.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Струмица во 15.00 часот во Полициската станица Струмица Б.Ц.(62) од с.Градашорци пријавил дека на 16.06.2023 околу 17.30 часот во с.Василево бил физички нападнат од едно лице од с.Василево. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. А истиот ден во 18.00 часот во Полициска станица Струмица Д.И.(52) од с.Василево пријавил дека околу 16.30 часот пред продавница во с.Василево по претходна расправија бил физички нападнат од Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Уште еден физички напад во Струмица вчера во 21.30 часот во Полициска станица Струмица пријавил Ш.У.(45) од с.Банско затоа што околу 20.00 часот во с.Василево бил физички нападнат од М.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Радовиш вчера во 15.30 часот во Полициска станица Д.С.(64) од с.Злеово пријавил дека околу 13.30 часот во с.Злеово бил физички нападнат од В.В. од с.Злеово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
А во 15.05 часот вчера во Полициска станица Центар Ф.П.(24) од Скопје пријавил дека ден претходно околу 22.50 часот на паркинг простор пред театар на подрачје на Центар бил физички нападнат од К.М заедно со неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повредени двајца пешаци во Тетово, во нив удриле мотоцикл и електричен тротинет

Двајца пешаци се здбоиле со тешки повреди во две сообраќајни несреќи на иста улица во Тетово откако во нив удриле мотоцикл и електричен тротинет.
Вчера околу 16.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Х.Ш.(56) од с.Мала Речица, тетовско, удрил во пешакот Ф.Б.(67) од с.Стримница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Б., констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
Истиот ден околу 14.00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од ул.„121“ и бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот Е.М.(53) од с.Добарце, тетовско, по што лицето кое го управувало го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
Топ
Загина 20-годишно момче, со мотоцикл удрило во бетонски столб

Дваесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Куманово – Свети Николе.
Според информациите на МВР, вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од с.Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с.Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол.
Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
2.164 сообраќајни прекршоци изминатите три дена на територијата на цела држава

Во текот на првите три дена од овој месец (01./02./03.06.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентирале вкупно 2164 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила.
Заради возење со брзина поголема од дозволената биле изречени 521 санкции, за неправилно паркирање 473 мерки, додека пак 221 учесник во сообраќајот биле отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.
Исто така за 125 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 72 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 201 лице за неносење заштитна кацига.
Покрај ова изречени се четири прекршоци за лица што управувале електричен тротинет, а изречени се и 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, а пак од сообраќај се отстранети 85 возачи заради возење под дејство на алкохол.
Согласно пак Законот за возила во првите три дена од јуни биле изречени вкупно 110 санкции, од кои по основ на технички неисправни возила 39 и по основ на возила коишто не биле регистрирани 71.
МВР најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.