Црна хроника
Возило се преврте кај Пробиштип, загина 24-годишно момче
Синоќа,. во 19.10 часот било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип – с. Ратвици, на местото наречено Леговец, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. С. (23) од Скопје, излетало од патот и се превртело. Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот Ф. С. (24) од Скопје, а возачот добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од Полициската станица Пробиштип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден охриѓанец пронајден во паркирано возило кај струшкото село Ливада
Во струшката полиција вчера било пријавено дека во паркирано патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, на локален пат во струшкото село Ливада, со повреди по телото бил пронајден Џ.Д.П. (40) од Охрид.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општа болница Струга, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Уапсен струмичанец: при претрес пронајдена дрога
Вчера во 17:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 36-годишниот А.Ф. од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, е пронајдена марихуана, а при преглед кај него се пронајдени неколку пакувања со амфетамин.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед на возилото пронајдена дрога
Вчера во 07:40 часот по преземени оперативно тактички мерки од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР лишен од слобода е 29-годишниот С.J. од Скопје.
При извршен преглед на патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од С.Ј. на булеварот „Партизански Одреди“ пронајдени се 10 паковки со марихуана и 10 паковки со кокаин.
Лицето е лишено од слобода поради основи на сомнение за сторено Кривично дело и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

