Црна хроника
Во возило пронајдени и одземени 800 грама марихуана, поднесени две кривични пријави
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривичнa пријавa против две лица од Охрид поради сторено кривичнo делo неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Пред неколку дена на локалниот пат Штип-Кочани, во близина на селото Уларци, како што соопшти полицијата, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот и второпријавениот како сопатник, биле пронајдени и одземени 800 грама марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицајка издала службена тајна: на мобилниот од брат и кажала дека полицијата ќе извидува со дронови
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.
Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.
Со ваквото дејствие, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“, соопшти полицијата.
Одделот за внатрешна контрола против В.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
Црна хроника
Скопјанец со пушка им се заканувал на сопругата и децата
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(56) од Скопје.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според полицијата, пријавениот, со пушка, која ја поседувал без дозвола, упатувал закани на неговата сопруга и неговите деца.
По преземени мерки, полициски службеници од него одзеле пушка калибар 9 мм и 71 куршуми.
Црна хроника
Прегазено 19-годишно девојче од Скопско: со тешки повреди пренесенo на Клиника
Синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од с.Арачиново, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

