Црна хроника
Двајца обвинети за разбојништво врз мигранти

Две лица се обвинети за разбојништво врз мигранти од Пакистан, кои биле нападнати и ограбени во скопското село Трубарево. Како што се наведува во соопштението, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против две лица од вкупно петмина за кои имаше донесено nаредба за спроведување истражна постапка поради сомнение дека како соизвршители сториле разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
„Двајцата обвинети кои се опфатени со обвинението на 28 јуни во село Трубарево, во непосредна близина на една бензинска станица, со употреба на сила нападнале врз животот и телото на двајца мигранти од Пакистан. Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за 200 евра. Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви, со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари”, се наведува во соопштението.
Заедно со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.
За тројцата кои беа осомничени и опфатени со наредбата за спроведување истражна постапка, обвинителството по завршување на истражната постапка утврди дека нема докази дека го сториле кривичното дело, па затоа донесе наредба за запирање на истражна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.