Црна хроника
Двајца уапсени во Гостивар и Тетово: возеле под дејство на алкохол
Вчера во 19.30 и ноќеска во 03.00 часот, полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Тетово ги лишиле од слобода 64-годишниот Д.А. од село Зубовце, гостиварско и 36-годишниот А.М. од Тетово.
При вршење увид на сообраќајна незгода со материјална штета на 14.05.2025 околу 19.30 часот на регионален пат Гостивар – с.Градец и по преземени мерки било констатирано дека Д.А. го управувал возилото „опел“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта, а притоа го нарушувал и јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Додека, при сообраќајна контрола на улица ,,Борис Кидрич“ во Тетово на 15.05.2025 во 03.00 часот, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со хрватски национални ознаки, кое го управувал А.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.52 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбени две финансиски друштва во Скопје во рок од еден час
Во раните утрински часови на 17 јануари 2026 година, во Скопје се случиле две кражби во објекти на финансиски друштва, при што биле одземени сефови со пари.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првата кражба била пријавена во 04:44 часот во скопската општина Гази Баба, каде што насилно било влезено во објект на финансиско друштво и одземени биле пари од сеф
Само околу 40 минути подоцна, во 05:20 часот, слична пријава била поднесена и од општина Центар. И во овој случај, насилно било влезено во објект на финансиско друштво, од каде бил однесен сеф со пари.
Од СВР Скопје соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Засега нема информации за крадците, ниту за сумата што била одземена или евентуалната поврзаност на двата случаи.
Црна хроника
Битолчанец се сомничи за напад врз неговата 79-годишна баба, со тешки повреди пренесена во болница
Полицијата вчера го приведе Т.Р. (28) од Битола, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 79-годишна баба во семејниот дом.
Според информациите од полицијата, при нападот на жената ѝ биле нанесени тешки телесни повреди. Таа со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Во координација со надлежен јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Скопјанец со автомобилот удрил во млад човек пред локал, приведен е во Карпош
На 17 јануари 2026 година, околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.С. на подрачјето на општина Карпош, поради насилен инцидент што се случил ден претходно.
Според пријавата, на 16 јануари, пред угостителски објект, осомничениот со своето возило прво го оштетил автомобилот на 23-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, а потоа со истото возило го удрил и него. По инцидентот, полицијата започнала постапка, а ден подоцна го лишила од слобода Н.С.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

