Црна хроника
Две лица под истрага за продажба на марихуана во Визбегово
Скопското обвинителство почна истрага за неовластено производство и пуштање во промет на марихуана во Визбегово. Како што се наведува во соопштението, осомничените, во куќа во која привремено престојувале во скопско Визбегово, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога марихуана со вкупна нето-маса од 5.890,21 грам.
При претрес на домот, осомничената била затекната како во дворот на куќата фрла од прозорецот црна полиетиленска ќеса во која била спакувана марихуана со нето-маса од 1.860,8 грама. Останатата дрога била пронајдена во неколку различни пакувања при преглед на блиската околина на домот во кој престојувале заедно со осомничениот.
Надлежниот јавен обвинител процени дека постојат околности коишто укажуваат на опасност од бегство на осомничените, па до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.