Црна хроника
Дете се отруло од алкохол во Тетово, во неконтактибилна состојба однесено во болница

Малолетник се отрул од алкохол во Тетово и во неконтактибилна состојба е однесено во болница. Поради инцидентот, поднесени се кривични пријави против продавачката и управителот на продавницата од која детето го купило алкохолот.
Според информации на МВР, поднесени се кривични пријави против правно лице, против Т.Б.(44) од Струга, управител на правното лице и против В.Н.(54), вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.
Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи алкохолни пијалоци, а подоцна, по консумирањето, кај него настанало труење и во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.