Црна хроника
Едно лице е повредено,а друго почина во сообраќајка помеѓу автмобил и мопед во Скопје

Синоќа во 05.50 часот било пријавено дека на ул.„Скупи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О.(27) од Скопје и мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц.(30) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот, но подоцна возачот самиот се пријавил во Полициската станица Бит Пазар.
По несреќата Г.Ц. и сопатникот од мопедот М.Ѓ.(50) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на Г.Ц. му биле констатирани тешки телесни повреди, а М.Ѓ. околу 12.00 часот им подлегнал на повредите.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со автомобил возел по пешачка патека во Градскиот парк

По претходно добиени информации дека денеска околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, полицијата презела мерки за пронаоѓање на несовесниот возач.
Како што информираат од МВР, лицето е веќе пронајдено, односно утврдено е дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.
Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.
Црна хроника
Жена паднала од зграда во Охрид

Во СВР Охрид, вчера попладне, околу 13.20 часот, било пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д. (29).
Ккао што информираат од МВР, тaa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата работи на расчистување на настанот.
Црна хроника
Малолетник осомничен за тешка кражба, приведен во центарот на Скопје

Вчера во 17.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по Кривичниот законик во објект на ул.„Македонија“.
Со малолетникот е извршен службен разговор и известен е Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, информира МВР.