Црна хроника
Извлечено тело од Вардар

Извлечено е човечко тело од реката Вардар кај Кванташки пазар.
„На 29.3.2022, во 11.57 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар, под мостот кај Кванташки пазар, било забележано човечко тело“, соопшти МВР во дневниот билтен.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Истрага за напад врз полициски службеник во Чаир

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„Осомничениот 28-годишник, на 23 мај, пред угостителски објект на улицата Македонско-косовска бригада во Скопје, нападнал и телесно повредил полициски службеник – началник на ЕВР Чаир, кој постапувал и вршел контрола на службите на терен во врска со кампањата ‘Безбедна матурска прослава’. Осомничениот најпрвин вербално му се заканил на полицискиот службеник, а потоа и физички го нападнал удирајќи го со бокс во пределот на раката. Осомничениот извадил и огнено оружје – пиштол „сиг сауер“ во калибар 9 мм, со 10 куршуми во рамката, кој го поседувал без дозвола, го репетирал и го вперил кон оштетениот. Еден од другите присутни полициски службеници му ја оттурнал раката, при што осомничениот испукал еден проектил во воздухот, а веднаш потоа бил совладан од присутните полицајци“, информираат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото.
Црна хроника
Прилепчанец со електричен тротинет удри во „ауди“

Малолетно дете, управувајќи електричен тротинет, удрило во паркирано „ауди“.
„На 24.5.2022, во 14.27 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата Раде Иваноски во Прилеп, малолетник од Прилеп, управувајќи електричен тротинет, удрил во паркирано патничко возило ‘ауди’“, соопшти полицијата.
Во незгодата малолетникот добил тешки телесни повреди констатирани во Градската болница во Прилеп. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Teшко повреден 84-годишен битолчанец, кој со мопед удрил во паркирано возило

Осумдесет и четиригодишен човек во Битола добил тешки повреди во сообраќајна несреќа.
Како што информираа од полицијата, управувајќи мопед, тој удрил во паркирано возило.
„На 24.5.2022, во 10.42 часот, во СВР Битола било пријавено дека на улицата Билбил камен во Битола, З. К. (84) од Битола, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко моторно возило ‘мерцедес’, со битолски регистарски ознаки, сопственост на С. Ц. (60) од Битола. Во незгодата З. К. добил тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола“, соопшти МВР.
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на полициска екипа.