Црна хроника
Инцидент во казино во Охрид

Рано утрово околу 5 часот, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, О.Д.(29) од Скопје, со рака оштетил апарат за видео лотарија по што, М.Б. од Охрид, го повикал надвор од казиното и физички го нападнал.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени двајца Германци на Табановце, во нивните возила е пронајдена дрога

Вчера во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија.
Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка.
Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.
Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Жена од тетовско измамена за 500 евра со лажно ветување за социјална помош

59-годишна жена од тетовско село пријавила во полицијата дека била измамена од две лица, меѓу кои и Х.„Н“ од тетовско.
Според пријавата, во текот на 2024 година тие ја довеле во заблуда со ветување дека ќе ѝ обезбедат примање на социјална помош – надомест за туѓа нега, за што таа им платила 500 евра. Жената подготвила и цела документација, но на крајот на 2024 година добила официјално решение со кое нејзиното барање било одбиено.
Како што дополнително пријавила, таа ги известила измамниците за одбивањето, но тие продолжиле да ја убедуваат дека набргу ќе ги добие парите. По извесно време го прекинале контактот со неа, по што сфатила дека е измамена.
Случајот е пријавен во полиција, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на измамата.
Црна хроника
Возачот му ветил дека ќе плати за болничките трошоци, но не исполнил – тротинетистот со задоцнување го пријавил настанот

Дваесетгодишен скопјанец впријавил дека на 1 септември годинава учествувал во сообраќајна несреќа во Шуто Оризари, во која се судриле патничко возило „мерцедес“ и електричен тротинет што го управувал тој.
При несреќата младиот тротинетист се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Според неговата пријава, со возачот на автомобилот постигнал договор да му плати за болничките трошоци, но тоа не било сторено, поради што со задоцнување го пријавил настанот во полиција.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот и целосно расчистување на случајот.