Црна хроника
Кавадарчанец пронајден мртов со видливи изгореници по телото
На 8.9.2022 во 10:30 часот во ОВР-Кавадарци М.М (49) од Кавадарци пријавил дека се шири непријатен мирис од соседната куќа, во која сам живеел неговиот чичко И.М. (70) од Кавадарци.
Полициски службеници излегле на лице место и бидејќи влезната врата била заклучена, во координација со ТППЕ Кавадарци, била отворена вратата и во куќата е пронајдено телото на И.М.
Од Итна медицинска помош е констатирана смрт со видливи изгореници на телото.
По наредба на јавен обвинител од Кавадарци, телото е предадено на обдукција на Институт за судска медицина –Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

