Црна хроника
(Видео) Кавадарчанец со „бмв“ дрифтал на улиците, МВР му го одзеде возилото поради создавање бучава
Полицијата запре „бмв“ управувано од Р.С. од Кавадарци и привремено го одзеде поради создавање на бучава.
Според информацијата на полицијата, возачот бил сопрен поради претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм, на која се гледа дека го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.
Во станица за технички преглед било извршено мерење на бучава и утврдено дека е над дозволената, велат од МВР.
Возилото е привремено одземено на период од 90 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Гостиварско, пронајден пиштол, приведено едно лице
Вчера во 03:50 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода 35-годишниот А.Ш. од село Добридол.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол „Екол“ со една празна рамка.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсена 33-годишна албанска државјанка: при претрес во Тетово, пронајдена марихауна
Вчера во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода 33-годишната Е.К. од Албанија, со престој во Тетово.
При претрес во домот во кој живее под наем, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се три пакувања со марихуана.
Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Инспектор од Македонска Каменица запалил службени документи и предизвикал пожар во полициска станица
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

