Црна хроника
Кај Пештани запленети четири мрежи со уловена белвица
Полициски службеници од СВР Охрид на полноќ на брегот на Охридското Езеро, кај Пештани, пронајдоа четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица, кои се одземени и предадени на Хидробиолошки завод Охрид.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се сторители на казненото дело незаконит риболов, против кои ќе поднесе соодветна пријава, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбени две жени во Скопје, при разбојништвото едната паднала и се повредила
Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, 63-годишната Ч.С. од Скопје пријавила дека околу 15.20 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ одзелo накит.
Исто така во текот на вчерашниот ден, во 14.15 часот во СВР Скопје, 62-годишната В.Т. од Скопје пријавила дека околу 12.45 часот на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на сила ѝ одзело накит, по што паднала и се повредила.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Истепани двајца малолетници во Чаир: напаѓачите се обиделе да внесат еден од нив во „бмв“
Вчера, во 22.40 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 27-годишниот Г.Е., а денеска во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетник, двајцата од Скопје, извести МВР.
– Тие се сомничат дека на 28.05.2024 околу 22.00 часот физички нападнале двајца малолетници на подрачјето на Чаир, по што се обиделе еден од нив да внесат во патничко возило „бмв“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична против битолчанецот кој силувал лице со нарушено ментално здравје, го снимал и го објавил на социјалните мрежи
СВР Битола поднесе кривична пријава против 24-годишниот П.И. од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“, „полова злоупотреба на немоќно лице“ и „злоупотреба на лични податоци“, извести МВР.
„На 23.05.2024 во Битола, пријавениот противправно држел лице со нарушено ментално здравје во неговиот дом, каде го навел да изврши полово дејствие, кое го снимил и споделил на социјални мрежи“, соопшти МВР.