Црна хроника
Кривична пријава против три лица за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“

Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против тројца скопјани, двајца на возраст од 19 години и еден на вораст од 20 години поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“, соопштија од МВР.
Пред четири дена во период од 14:00 до 17:00 часот во Скопје во објект на правно лице од Скопје, пријавените преку незаклучената влезна врата влегле внатре и одзеле 40 електромотори и пумпи, по што истите ги ставиле во товарно возило „мерцедес спринтер”, сопственост на фирмата, во кое бил оставен клучот за стартување на истото, по што заминале во непознат правец, се наведува во соопштението на полицијата.
Од МВР посочија дека работат на расветлување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.