Контакт

Црна хроника

Малолетник со мотоцикл удрил во автобус

Објавено пред

Единаесетгодишник со мотоцикл удрил во автобус во скопското село Дељадровце. Момчето со тешки повреди било пренесено во болница, каде што му била укажана лекарска помош.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 15.30 часот помеѓу мотоцикл „хамачи“, без регистарски ознаки, управуван од 11-годишник од село Дељадровци, и автобус „лаз“ со скопски регистарски ознаки, кој сообраќал на линијата бр. 66, управуван од М.Б. (48) од село Дељадровци. Малолетникот добил тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Над 180 казни за возачи во Скопје за брзо возење, алкохол и други прекршоци

Објавено пред

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 34 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 42 останати прекршоци, за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 26 прекршочни платни налози.

Исто така, вчера од 22.00 часот до 05.00 часот утрово беше спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 19 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 13 останати прекршоци, за кои се издадени пет мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.

Вчера од 14.00 до 24.00 часот санкционирани се и пет возачи на мотори за сторени прекршоци, а откриени се и 68 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни и 22 прекршочни платни налози.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Албанец сокрил 11 килограми марихуана во својот автомобил

Објавено пред

На излез од државта на граничниот премин Богордица,при царинска контрола на автомобил „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин, биле најдени 13 паковки со марихуана.

Тие биле облепени со селотејп и се наоѓале во левата и десната страна на багажниот простор во внатрешноста на носечките шини, од задниот браник до задните седишта споени со специјално направен бункер над резервоарот за гориво. Вкупната бруто тежина на паковките е околу 11 килограми.

Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец тешко повреден во судир на две возила

Објавено пред

Педесетичетиригодишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од ул.„Аминта Трети“ со ул.„Орце Николов“ во Скопје. Несреќата се случила помеѓу автомобил „киа конкорд“, управувано од Ј.К.(33) од с.Студеничани, скопско, и автомобил „форд фокус“, управувано од В.Н.(54) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Н., кој бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа лет, утрово слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп лет од Њујорк до...

Свет2 часа

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет2 часа

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија2 часа

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет2 часа

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет2 часа

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет16 часа

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет18 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет19 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ19 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија24 часа

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија1 ден

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија1 ден

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет1 ден

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија1 ден

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија1 ден

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт2 дена

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Досие