Црна хроника
Марихуана и амфетамин пронајдени при претрес на 28-годишен скопјанец

Единица за недозволена трговија при секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против 28-годишен скопјанец со иницијали М.Г.
Скопјанецот заработил кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, велат од МВР.
Како што посочија од полицијата, при претрес на пријавениот пронајдени биле марихуана и амфетамин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.