Црна хроника
Матурант со „мерцедес“ удри пензионер, дете со мотор прегази дете, велосипед удри жена во Охрид – МВР за несреќите вчера

Двајца пешаци и еден велосипедист се тешко повредени во сообраќајни несреќи што се случија во текот на вчерашниот ден во Македонија.
Според информациите од МВР, на улицата Шаин Маале во Радовиш, „мерцедес“ управуван од А.А.(18) од Радовиш, удри во 77-годишниот М.А..
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М.А., констатирани во Клинички центар Штип.
Сообраќајка имало и на улицата Партизанска во Струга, кога мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Радолишта, струшко, удрил во малолетничка од село Вејце, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Со тешки повреди заврши и велосипедист во Охрид.
„На мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од Н.Ј.(68) од Србија удрил во М.К.(43) од Црна Гора. Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е полициски увид за сите настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.