Црна хроника
МВР: 203 казни за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија во однос на мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 203 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваатмерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
Црна хроника
Скопјанка пронајдена почината во стан на Бит-пазар

Во СВР Скопје вчера во 10.30 часот е пријавено дека во стан на подрачјето на Бит Пазар пронајдена е почината М.Ш.(65) од Скопје.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција, соопшти полицијата.