Црна хроника
Млад маж од Тетово уценувал девојка дека ќе објави нејзини фотографии ако не му ги исполни барањата, па ја нападнал

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ш.(23) од Тетово поради уцена.
Во текот на февруари 2023 година, пријавениот преку социјалната мрежа Инстаграм уценувал девојка од тетовско село дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографии доколку не ги исполни неговите барања.
Исто така, на 27 мај физички ја нападнал девојката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукање во центарот на Куманово

Пукање имало попладнево во центарот на Куманово, потврди кумановската полиција.
Според привичните информации, во пукањето едно лице се здобило со повреди на нозете.
Полицијата најави повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Кривична за кратовчанка: нејзиното куче каснало дете на улица

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од селото Крилатица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавената, на 09.11.2023 во с.Крилатица, го пуштила своето куче без надзор и без маска надвор од својата куќа, при што каснало малолетник од селото“, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Затвореник од „Шутка“ итно префрлен на клиника каде што починал

Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клини Мајка Тереза.
„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.