Црна хроника
Мопед излетал од коловоз во Штип – возачот и неговата сопатничка тешко повредени

Синоќа, околу 13.38 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата Сремски фронт, мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од М. Ч. (23) од Штип, излетал од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката на мопедот М. И. (22) од Штип, а телесни повреди добил возачот М. Ч., констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Автомобил удрил во 57-годишен скопјанец и побегнал од местото на несреќата

57-годишен скопјанец бил тешко повреден откако во него удрил автомобил кој побегнал од местото на несреќата, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 22:50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улица Орце Николов, патничко моторно возило удрило во С.С. (57) од Скопје и го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Бил извршен увид, информираа од МВР.
Црна хроника
Малолетен пешак тешко повреден по удар од автомобил

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „3“ во с. Трубарево, Скопско, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.
Црна хроника
Крадец од Скопје украл мотоцикл, украденото било вратено на сопственикот

Синоќа, во 20:50 часот, на ул. Благоја Стефковски, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Д.Т.(24) од Скопје поради сомнение дека на 5.5.2022 одзел мотоцикл од фирма во индустриска зона „Чојлија“.
Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото.
Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.