Црна хроника
Над 150 куршуми најдени во метална кутија во Ѓорче Петров

Вчера во полициската станица =било пријавено дека во селото Никиштане, општина Ѓорче Петров, во метална кутија била пронајдена муниција.
Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид и од местото подигнале 151 куршуми за понатамошна постапка, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Фатени малолетници кои со автоматска пушка пукале кон куќа во Тетово

Полицијата на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во селото Гајре, приведе двајца малолетници за пукањето што се случи во понеделникот.
„На 26 мај околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово“, соопшти МВР.
Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Штип

Полицијата во текот на вчерашниот ден го приведе А.С.(34) од Штип.
Полициски службеници извршиле претреси во домот на А.С. и во дворно место од куќа на подрачјето на Штип, како и во семејна куќа во с.Дулица, општина Македонска Каменица.
При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја, нож, пари, мобилни телефони и други предмети, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Поднесено обвинение за убиство за мажот кој ја задуши партнерката во Кавадарци

Обвинителството поднесе обвинение против 43-годишниот маж кој во јануари ја задуши партнерката. Тој е обвинет за убиство.
„Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Од МВР тогаш соопштија дека е уапсен 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци. Починатата била пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица.