Црна хроника
Нападнат затвореник во штипскиот затвор

Вчера од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 16.40 часот осуденикот Д.М.(35) бил физички нападнат од осуденикот Б.Х.Ј.(44) од Штип.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот полициски билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен бегалец од затвор

Вчера во 05.00 часот во село Нова маала, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Џ.А.(24) од село Нова маала.
Тој бил осуден на затворска казна во траење од една години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Струмица.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на една година и три месеци од казната
Црна хроника
Приведено лице од Кавадаречко: управувал возило под дејство на алкохол

Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот.
Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта.
Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Црна хроника
Претрес во Виничко, пронајдени дрога и пушка, приведен дилер

Вчера во 18.40 часот во Виница од страна на полициски службеници од НККР Виница и ПСОН Виница е лишен од слобода Д.Ѓ. (28) од с. Јакимово, виничко.
При претрес врз Д.Ѓ., кој бил со возило голф со винички регистерски ознаки на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, пронајдени се зелена растителна материја, метална дробилка, хартија за рачна изработка на цигари.
Потоа, по наредба на Основен суд Виница извршен е претрес во домот и просториите што ги користи Д.Ѓ. во с.Јакимово. При претресот пронајдена е зелена растителна материја, дробилка, три стаклени тегли со остатоци од зелена растителна материја и воздушна пушка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.