Црна хроника
Напад со нож во Чегране поради недоразбирање во сообраќајот

Од страна на полициски службеници од полициското одделение Чегране, рано утрово, околу 6 часот, лишени од слобода биле Н.С. (40) и неговиот малолетен син, двајцата од ова гостиварско село, како и Б.Ф. (41) од тетовското село Церово.
Како што информираат од МВР, за нив посојат основи на сомнение дека околу 5.30 часот во Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И. (39) од гостиварското село Форино.
Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош.
Претходно, од Основното јавно обвинителство информираа дека токму во 5.30 часот утрово, во Чегране се случил обид за убиство на обвинител од Гостивар, со нож.
Тројцата уапсени со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.