Црна хроника
Обвинение за недозволено поседување автоматска пушка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за неовластено производство, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Во близина на кафе-бар во негова сопственост, на влезот од селото Буковиќ, обвинетиот 23-годишник држел автоматска пушка во калибар 7,62Х39 мм од бугарско производство, која претставува верзија на руската автоматска пушка „АК-47 калашников“. Ова оружје им е забрането на граѓаните и за него не може да се добие дозвола за поседување. Заедно со автоматската пушка биле пронајдени и две рамки без куршуми.
Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.