Црна хроника
Оштетени автобуска, штаб и контејнери во Драчево, млад скопјанец пишувал политички пораки

Полицијата уапсила 25-годишен скопјанец кој вчера со спреј оштетил повеќе објекти во Драчево.
Полицијата го затекнала како вандализирал дел од објектите и на нив испишувал број „7”. Ова се случувало околу еден час по полноќ.
„Околу 1:30 часот на ул. Јустинијан Први во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(25) од Скопје затоа што бил затекнат како на трафостаница лепи плакати од политичка партија и со спреј пишува на штаб на политичка партија. Тој бил приведен во полициска станица и му бил одземен спрејот”, велат од МВР.
Полицијата против него ќе поведе постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тетовец физички ја нападнал сопругата

Синоќа во селото Порој, тетовско, полициски службеници го привеле В.К.(35) од Тетово, постапувајќи по пријава според која околу 19.00 часот во селото Порој, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Црна хроника
19-годишна кичевчанка пријавила таксист, почнал да ја допира

Синоќа во 04.33 часот во Полициска станица Аеродром, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04.20 часот додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, такси возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР во дневниот билтен.
Топ
Возачот кој прегази пензионер на пешачки во Бутел имал 17-години и возел брзо, обвинителството побара притвор

Обвинителството објави нови детали за синоќешната сообраќајна несреќа во скопската населба Бутел, каде што животот го загуби пешак.
Од тука информираат дека автомобилот го управувал 17-годишник кој не поседувал возачка дозвола, а возилото било во сопственост на неговиот татко.
„Без да има важечка возачка дозвола, детето на возраст од 17 години, на 27 јануари во вечерните часови, управувало автомобил „Фолксваген голф“, сопственост на неговиот татко. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, доведувајќи го во опасност животот на луѓето. Возејќи по улицата „Босна и Херцеговина“, стигнал до крстосница со улиците „Александар Урдаревски“ и „Кемал Сејфула“, но не ја приспособил брзината на движење кон својствата и состојбата на патот. Како резултат на тоа, со предниот лев дел од автомобилот удрил во пешак кој го поминувал коловозот на обележан пешачки премин. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата за деца достави и предлог за определување мерка притвор спрема детето во судир со законот, бидејќи оцени дека постои опасност да се даде во бегство, да ја попречува постапката со влијание врз сведоците или да го повтори делото.
Претходно, МВР информирајќи за настанот соопшти дека автомобилот го управувал 18-годишник.