Црна хроника
Пазарџија се обидел со комбе да ги прегази инспекторите кои го затекнале дека продава на диво

Полицијата го приведе 53-годишниот Н.К. од Ресен кој со неговото комбе се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник откако бил отстранет од Градскиот пазар Припел каде продавал производи.
Од МВР информираат дека полицискиот службеник испукал со пиштол во гумите на возилото.
Н.К. е приведен во полициска станица, а известени се Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот дека одземала бебе од Ѓ.М., која, според пријавеното, бебето го оставила пред маркет во Градски трговски центар во Скопје.
Детето и С.С. се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител.
Извршен е разговор со сопругот на пријавителката, како и со возачот на такси возилото со кое С.С. заминала кон Ѓорче Петров.
Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа по брза постапка ќе биде изнесена пред надлежен судија.
Црна хроника
Малолетник со „јамаха“ удрил во „бе-ем-ве“ на излез од паркинг во Скопје

На 15.8.2022 во 19:30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул. Народен фронт, ул. Шарски одреди и излез од паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бе-ем ве“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(19) од Скопје и мотор „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од с. Пласница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кај осуденик во штипскиот затвор пронајдени 22 пакувања марихуана

МВР информира дека на 15.8.2022 во 22:15 часот во СВР Штип е пријавено дека во Казнено-поправниот дом Затвор Штип, во просторија од полуотвореното одделение, кај осуденикот К.Е.(33) се пронајдени 22 пакувања марихуана, едно ќесе со остатоци од прашеста материја и таблета.
Увид на местото извршила екипа од СВР Штип, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.