Црна хроника
Пакети со лекови откриени во автомобил на косовски државјанин кај Радишани

Полицијата открила пакети со лекови во багажник на автомобил на косовски државјанин кој бил запрен на обиколницата во Скопје кај Радишани.
Според информациите на МВР, вчера, во 18.45 часот, полициски службеници запреле автомобил „опел“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Р.А. од Косово. При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволена трговија, Р.А. бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Синоќа во Скопје казнети 50 мотоциклисти

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје синоќа во периодот од 17.00 до 01.00 часот спроведе засилена сообраќајна контрола по оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.
За време на контролата биле преземени мерки против 92 учесници во сообраќајот, од кои 50 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив, 14 за возење мотоцикл без возачка дозвола, 14 санкции за возење без заштитна кацига, девет мерки за возење мотоцикл без положен испит, четири санкции за возење мотоцикл во несоодветна категорија, две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, три санкции за непочитување на даден знак стоп од полициски службеник…
Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесе за побезбедни патишта.
Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.