Црна хроника
Пожар во работилница за поправка на вагони во Трубарево, тројца вработени повредени
Три лица се повредени во пожар што настанал во работилница за поправка на вагони во Трубарево.
Според информациите на МВР, вчера во 09.19 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во механичарска работилница за поправка на вагони сопственост на „Железници на Република Северна Македонија“ во Трубарево, при што работилницата била целосно опожарена.
Пожарот бил локализиран, а во пожарот тројца вработени биле повредени. Притоа, Н.Г.(53) од с.Јурумлери се здобил со тешки телесни повреди, Р.Л.(62) и В.Т.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и трудов инспектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.