Црна хроника
Прегазен пешак во Струмица

Пешак се здоби со тешки телесни повреди вчера, по удар од автомобил во Струмица.
Несреќата се случи на улицата Климент Охридски.
„Патничко возило ‘мерцедес’, со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од селото Седларци, Струмичко, удрило во пешакот С.С.(58) од Струмица. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
178 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи.
Од нив, 21 возило се движело со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор

На 30.1.2023, на улицата Гоце Делчев во с. Кривогаштани, Прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани, го привеле П. М. (36) од с. Кривогаштани.
Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“ поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување казна затвор во траење од две години и три месеци.
Црна хроника
134 казнети возачи во Скопје, 13 без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.1.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.