Контакт

Црна хроника

Прекршочна пријава за еко-активисти, испишувале графити на Министерството за екологија

Објавено пред

Полицијата поднесе прекршочна пријава против еко-активисти кои испишувале графити на Министерството за економија. Од движењето „Fridays For Future Skopje“ велат дека нивната акција имала цел да ја крене свеста за загадувањето и климатските промени, но наместо тоа се соочиле со нечовечки пристап кој, како што велат, само ја потврдува вистинитоста на пораката што сакале да ја пренесат.

Според информациите на МВР, вчера во 17.10 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје поточно пред Министерство за екологија, Е.Д.(26) од Неготино,С.Ц.(22) од Битола, И.Б.(34) од Скопје, Ј.Н.(19) од Скопје, како и една 16-годишна малолетничка од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со испишување на графити во вид на дланки од раце на прозорците на Министерството и натпис на плочникот пред прозорците со цел покренување акција за еколошка свест.

Еко-активистите се дел од движењето „Fridays For Future Skopje“. Од таму реагираат дека обезбедувањето на Министерството создало непотребна тензија околу обичен креативен перформанс.

„При реализирање на нашата протестна акција, обезбедувањето на Министерството за животна средина донесе арбитрарна одлука да нѐ задржи и да повика полиција, создавајќи непотребна тензија околу обичен креативен перформанс. Нашата акција имаше цел да ја крене свеста за загадувањето и климатските промени не само кај јавноста туку и внатре во институцијата за животна средина. Наместо тоа се соочивме со нечовечки пристап кој само ја потврдува вистинитоста на пораката што сакавме да ја пренесеме. Поради една безопасна герила акција која укажуваше на индолентноста на властите околу проблемот со животната средина, нашите активисти беа предмет на вознемирување, заплашување и испрашување како да извршиле терористички, а не симболичен акт во интерес на општото добро“, велат од еколошкото движење „Fridays For Future Skopje“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на патот Велес – Прилеп

Објавено пред

Триесет и петгодишен прилепчанец загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Велес – Прилеп.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 22 и 30 часот, кај селото Присад, прилепско, кога „фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(26) од Прилеп, излетал од патот.

Во незгодата, сопатникот М.Х.(35) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде потоа починал. Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телесни повреди.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

На скопскиот аеродром уапсен гостиварец кој преку интернет упатил закани до владин функционер

Објавено пред

Синоќа по полноќ на скопскиот аеродром бил приведен 28-годишниот М.М. од Гостивар, кој се барал со централен распис од гостиварската канцеларија за криминалистички работи.

Имено, на 6 јули годинава против него била поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Гостиварецот се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер во Владата.

Тој е задржан во полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд во овој град.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Преку посредник работеле во Германија и биле оштетени за исплатата и документите за престој

Објавено пред

Двајца кумановци  пријавиле во полиција дека, по претходен договор со А.С. во мај 2019, заедно со уште шест лица од Куманово заминале во Манхејн, Германија, каде што почнале со работа во градежна фирма.

Но, по три месеци од престојот, ним им биле исплатени само две плати и не им биле обезбедени документи и престој од А.С., согласно претходниот договор, по што си заминале од Германија.

Според пријавеното, тие имале неколку обиди да стапат во контакт со А.С., но таа не се јавувала, по што констатирале дека се оштетени и измамени за сума од 2.600 евра.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот Едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Регион1 час

(Видео) Солзавец и димни бомби на протестите во Грција

Грчката полиција синоќа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале пред Парламентот за да изразат незадоволство од...

Свет2 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздух, но...

Македонија3 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија3 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија3 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија14 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија15 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија17 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија17 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија19 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ19 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија20 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет21 час

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион21 час

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион23 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет24 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ1 ден

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија1 ден

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Досие