Црна хроника
Приведени двајца жители на Арачиново, со возило се обиделе да удрат полицаец

Двајца жители на Арачиново биле уапсени затоа што се обиделе да прегазат полицаец со возило.
Според информациите на МВР, завчера, околу 22.30 часот, во селото Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И. С. (48) и Б. С. (23), двајцата од село Арачиново, затоа што околу 20.30 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово, одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејства.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај нив бил донесен 66-годишниот Р.Љ. од Скопје, кој подоцна починал.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка што се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во село Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.
При претресите биле лишени од слобода А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од село Гајре.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе, меѓу нив и тримесечно бебе

Вчера во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се здобиле возачот М.П., две негови сопатнички М.П.(25), К.П.(22) и тримесечно бебе, сите од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.