Црна хроника
Приведен е инспектор од УЈП, примил мито

На 6.7.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, лишен е од слобода Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи.
Тој во својство на службено лице, во текот на месец мај и почетокот на месец јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.
Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен.
По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жител на Кондово погоден од залутано зрно

На 16.08.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен А.Р. (28) од с. Кондово.
Според пријавеното тој со повредата се здобил од залутано зрно во неговиот двор во с. Кондово.
Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Битола запленети се 250 килограми дрога вредна околу 800.000 евра

Вчера во Битола лишени се од слобода пет лица, а запленета е дрога во вкупна тежина од околу 250 килограми со проценета вредност од околу 800.000 евра, информираат од МВР.
По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола.
При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис.
Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник кој возел електричен тротинет, откако такси-возило удрило во него

На 16.8.2022 во 20:30 часот било пријавено дека во Кочани на ул. Стево Теодосиевски се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило од такси-служба и електричен тротинет управуван од малолетник од Кочани.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар во Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.