Црна хроника
Притвор за кратовец, кој под закана со нож силувал малолетничка

Штипското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело полов напад врз дете што не наполнило 14 години.
На 14 јануари осомничениот жител на Кратово извршил обљуба врз 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци.
За да го принуди девојчето на сексуални односи, тој извадил нож, ѝ го ставил на вратот на оштетената и ѝ се заканил.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип определил мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Потрага по 27-годишен работник, кој паднал во канал за наводнување во кочанско

Се трага по лице кое паднало во канал за наводнување во село Тркање, додека работел на објект.
Според информациите од МВР, вчера во 17,10 часот во Полициска станица Кочани, С.К. (36) од Скопје пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. За настанот е запознат јавен обвинител.
Црна хроника
Инцидент во Чаир: Нападнати полицајци од група луѓе, имало и пукање

На 23.05.2022 е пријавено дека околу 19.45 часот полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на ресторан на ул. „М.К. бригада“ во Скопје запрел возило „митцубиши“ кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник.
На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници, кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица.
Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство. За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој во текот на денешниот ден сам се пријавил во полициска станица. Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Топ
Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој бил во контактибилна состојба.
Како што информираат од МВР, се работи за К.В.(55), кој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.